Ватиканскиот државен секретар: Првата светска војна претставува „огромна катастрофа“

Првата светска војна „останува во сеќавањето на наордите како огромна трагедија, чии последици се чувствуваат и до ден денешен, во зората на XXI век“. Со овие зборови се произнесе ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин, при отворањето на меѓународната средба на тема „Безсмислено крвопролевање. Католиците и Светиот Престол во Првата светска војна“, организиран од Папската комисија за историски науки.

„Се мислело дека војнатаќе бидекратка“, посочикардиналот, „нотаасе покажа како огромнакатастрофа“, софронталналинијаодШвајцаријадоСеверното Море„беа мобилизирани65милиони војници, 20 милионижртви и околуоколу 21 милион ранети“.

Ватикански државен секретар зборуваше за напорите од страна на Римските папи во корист на мирот, почнувајќи од свети Пио Х со неговото Апостолско обраќање „Dum Europa“ кое претставува „едно од најсилните мировни наследства, оставени на идните генерации“. Но него „не го послушаа и Европа се најде во една ужасна трегедија“.

Кардиналот Паролин истакна дека „во текот на конфликтите, Светиот Престол не го следела патот на неутралноста, туку патот на целосната непристрасност и добротворните цели. Додека неутралноста на дадена држава вклучува одредена отуѓеност и дури рамнодушност кон суштината на конфликтот и интересите на завојуваните страни, непристрасноста содржи акција, инспирирана од заштитата на правдата како најголемо богатство“.

Кардиналот Паролин посочи дека од самиот почеток на својот понтификат, папата Бенедикт XV избра да ја следи „оваа тешка линија на однесување“ за да „го охрабри праведникот и трајниот мир“ и да се потруди да се прекине тоа „бесмислено крвопролевање“.

Заедно со Светиот Престол, како учесници во трагедијата на војната, католиците оставија бројни сведоштва на дарежлив, храбар и неуморен ангажман на милосрдие и помош на боиштата во рововите, болниците, домовите за сираци, како и служењето за татковината заедно со браќата и сестрите од различните христијански вери и другите религии.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот