Светски ден на болните: Неприфатливо е непочитувањето на човековите права

Светски ден на болните: Неприфатливо е непочитувањето на човековите права

Папата Фрањо се помоли за сите оние во светот кои не можат да се лекуваат, дали тоа било поради екстремно сиромаштво или затоа што се во воени зониСветски ден на болните: Папата се моли за Украина, Мјанмар, Палестина и Израел

На денешното чествување на Пресвета Богородица од Лурд, се одбележува Светскиот ден на болните, кој годинава го привлекува вниманието на важноста на однесувањето при болест. Првото нешто што ни треба кога сме болни е близината на најблиските, здравствените работници, а во срцата и близината со Бога. Сите сме повикани да бидеме блиски со оние кои страдаат, да ги посетуваме болните, како што нè учи Исус во Евангелието. Затоа денес сакам да ја изразам мојата близина и близината на целата Црква со сите болни и изнемоштени. Да не го заборавиме Божјиот стил: близина, сочувство и нежност, рече папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 11 февруари 2024 година.

Но, на овој ден, браќа и сестри, не можеме да го игнорираме фактот дека денес има многу на кои им е ускратено правото на лекови, а со тоа и правото на живот! Мислам на оние кои живеат во екстремно сиромаштво; но мислам и на воени зони: таму секојдневно се кршат основните човекови права! Тоа е неприфатливо. Да молиме за напатената Украина, за Палестина и Израел, да молиме за Мјанмар и за сите народи кои страдаат поради војната, апелираше Светиот Отец обраќајќи им се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот