Папата Фрањо: Сасоли, човек за општо добро и грижа за последните

Папата Фрањо: Сасоли, човек за општо добро и грижа за последните

Во телеграмата испратена до семејството, папата Фрањо се спомува на ликот на претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли, кој почина ноќта на 10 јануари 2022 година. Папата ја истакна неговата учтивост и го спомена како верник поттикнаст од христијанската надеж и милосрдие, но и како почитуван човек на институциите.

Папата ФранцФрањоиско во неколку редови ги опфати различните карактеристики на Дејвид Сасоли, новинар а потоа и претседател на Европскиот парламент, кој почина во онколошкиот центар Авијано, каде што беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од тешка имунолошка дисфункција. Во телеграмата потпишана од државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин до неговата сопруга Алесандра Виторини, Папата вети духовна близина поради неговата прерана смрт и искрено учество во тагата што ја зафати Италија и Европската унија. Тој им изрази сочувство и на неговите деца Ливија и Џулија.

Папата го спомена како верник поттикнат од надежта и милосрдието, но и како компетентен новинар и ценет човек на институциите кој на мирен и смирен начин, во јавните обврски што ги имаше, целосно се посвети на општото добро, со чесна и великодушна посветеност. Меѓу неговите квалитети, папата Фрањо ги спомена и јасноста и ентузијазмот што Сасоли ги внесе во промовирањето на солидарната визија на европската заедница. Визија изразена во посебна грижа за последните. На крајот од пораката, Папата ја гарантира својата молитва и благослов, повикувајќи се на Господовата утеха за сите кои жалат за неговата загуба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот