Животот да не се третира како ‘ресурс’ за стекнување на моќ и профит

Животот да не се третира како ‘ресурс’ за стекнување на моќ и профит

Повторно да се започне од Словото Божјо „кое го расветлува создавањето на животот и неговата судбина“, како би се фатиле во костец со епохалниот предизвик „во однос на брзиот технолошки развој на природните науки“ – рече папата Фрањо на Генералното собрание на членовите на Папската академија за живот, која ја прими во четврток 5 октомври 2017 години во новата синодска сала во Ватикан.

Тема на овогодинешното заседание е: „Да се следи животот“. Нови одговорности во технолошкото време“, е големиот предизвик со кој треба да се соочиме. Папата Фрањо смета дека треба да се спротивставиме на културата која „опсесивно е концентрирана на човечката сувереност“.

Некои зборуваат за еголатрија, односно на правото за почитување на „егото“, на чиј олтар се жртвува сѐ, вклучувајќи ги и најскапоцените чувства. Таа перспектива не е нештетна, бидејќи обликува субјекти кои постојано се гледаат во огледало, сѐ додека не стане неспособен да ги сврти очите кон другите и кон светот. Ширењето на тој став има сериозни последици за сите чувства во животот, како и на неговите односи (сп. Лаудато Си, стр. 48). Теологијата на создавање и откупување, која може да се преведе во зборови и дела на љубов за сѐ живо и за целиот живот, како никогаш досега треба да го следи чекорењето на Црквата, во денешниот свет.

Сепак не може да се премолчи за безусловниот капитализам кој го карактеризира сојузот на економијата и техниката, а кој животот го третира како ‘ресурс’ кој е во функција на моќта и профитот, да се искористи или отфрли. За жал мажите, жените и децата од целиот свет ја доживуваат горчината на илузорните ветувања на овој технократски материјализам. (…) Веродостојниот научен и технолошки напредок треба да ги надахнува политиките за човекот – истакна Папата.

Христијанската вера нѐ поттикнува да преземеме иницијатива, отфрлајќи ја секоја носталгија и тагување. Црквата, од друга страна, има широка традиција со великодушни и просветлени умови, кои во свое време ја поттикнаа науката и совеста. Светот има потреба од верници кои се ангажирани и радосно креативни и проактивни, понизни и храбри, да стапнат на јазот меѓу генерациите, кои го прекинуваат пренесувањето на животот – рече папата Фрањо.

Поради тоа Објавата е таа која нѐ учи да ја цениме длабочината на Божјата љубов, која на човекот му е доверена преку создавањето и историјата. Сојузот „запечатен во единство на љубовта, личен и плодоносен, обележува пат за пренесување на животот преку бракот и семејството.

Сојузот помеѓу мажот и жената е повикан да го преземе водството врз целото општество. Мажот и жената не се само повикани да зборуваат за љубовта, туку да разговараат со љубов за тоа што е потребно да се прави, бидејќи човечкиот соживот се остварува во светло на Божјата љубов кон секое создание – истакна Папата.

Почитување и грижа за животот во сите негови фази, како и „сведоштвото на верата за Божјото милосрдие“ за Папата се брана за „анастезијата и малодушноста на хуманизмот’. Токму во оваа општа слика папата Фрањо го „гледа посланието на обновената Папска академија за живот“. Тежок контекст, но контекст во кој – давајќи простор за отворен и плодоносен дијалог – е возможно да се дојде до општо добро – рече меѓу другото Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот