Папата Фрањо: Христијаните мора да градат мостови на дијалог

Христијаните мора да градат мостови на дијалог, не ѕидови на озлобеност. Тие беа зборовите на Светиот Отец на светата Литургија на 24 јануари во капелата во домот Света Марта.

Папата Фрањо својата проповед ја заснова на конфликтот помеѓу царот Саул и Давид што беше денешното старозаветно читање. Во еден момент Папата истакна дека Давид имал шанса да го убие Саул, но сепак избрал поразличен пат: пат на дијалог за да создаде мир.

Сите христијани секогаш мора да го следат патот на помирувањето рече Папата бидејќи тоа е она што нѐ научи Исус, затоа што Исус ни го покажа патот. За да влеземе во дијалог, Папата објасни дека е важно да бидеме кротки, да бидеме скромни дури и по некоја караница или борба. Тоа е важно за „да се наведнеме“ да бидеме флексибилни за да не ја достигнеме точката на пропаѓање.

Папата призна не е лесно да градиш дијалог, посебно кога сме разделени поради лутината. Тоа не го пишува во Светото Писмо, вели тој, но сите знаеме дека за да бидеш кроток, за да бидеш скромен, мораме да ја „проголтаме“ гордоста – ние мораме да го направиме тоа, бидејќи така ќе градиме мит, со понизност.

Понизноста можеби е тешка, вели Папата Фрањо но дозволувајќи и на лутината да го распрснува нашето срце е многу полошо отколку да се обидеме да изградиме израдиме мост на дијалог. Кога и дозволуваме на лутината да расте, ние завршуваме изолирани во „супата на горчината“ од нашата сопствена омраза. Да бидеш христијанин знали дека секогаш треба да бидеш мост.

Тоа е важно, продолжи Папата Фрањо, да не дозволиме да помине многу време после бурата, после проблемот. Тоа е важно за да градиме мост на дијалог колку што е можно, бидејќи времето дозволува ѕидовите на лутината да растат повисоко како што плевелот расте повисоко и застанува на патот на житото – и кога нашите ѕидови растат високо помирувањето станува многу тешко!

Јас се плашам од тие ѕидови, рече при крајот од проповедта Папата, овие ѕидови кои растат се повисоки секој ден, градејќи лутина и омраза. Ајде да го следиме примерот на Давид кој ја порази омразата со чин на понизност.

РВ/Д.И.

1316

Категорија: Ватикан

За авторот