Папата Фрањо ги довери младите во светот на свети Луиџи Гонзага

Папата Фрањо ги довери младите во светот на свети Луиџи Гонзага

Во Твитер порака од профилот @Pontifex, Папата потсети на младиот лик од 16 век, „момче исполнето со љубов кон Бог и ближниот, покровител на католичката младина“. Историјата за момчето кое починало на 23 години, кое го избрало Евангелието и близината со сиромашните и болните од чума, наместо животосо леснотија и интриги за власт.

На 21 јуни, на литургискиот празник Свети Луиџи Гонзага, папата Фрањо во Твитер порака на профилот @Pontifex го напиша следниот текст: „Денес се сеќаваме на свети Алојсиј Гонзага, покровител на католичката младина, момче исполнето со љубов кон Бога и ближниот, кој умре многу млад во Рим затоа што се грижеше за болните од чума. Под негово застапништво ги доверувам млади луѓе од целиот свет“.

Свети Алојсиј (Луиџи) Гонзага е роден на 9 март 1568 година во Castiglione delle Stiviere, во близина на Мантуа (Италија). Тој е првороден син на маркизот Феранте Гонзага (од владејачкото семејство на Мантуа) и на Марта, од родот на грофовите Тана ди Киера. Неговиот татко очекувал Алојсиј да се посвети на воена и дворска кариера, па затоа поминал две години во дворот на шпанскиот крал Филип II, каде што добил многу добро образование. Верен на своот повик добиен од Бога, 17 годишното момче влегува во Дружбата Исусовци, откажувајќи се од своето наследство и титула. Како студент во Рим се одликувал со исклучителна побожност и стремеж кон свет живот. За време на страшната епидемија на чума во Рим во 1590-1591 година, тој посветено им помагал на оние на кои им се заканувала болеста. Се заразил од пациент кој го однел во болница и починал на 21 јуни 1591 година, на само 21 година. Во 1726 година бил канонизиран од папата Бенедикт XIII. Неговите мошти се наоѓаат во црквата Свети Игнатиј од Лојола во Рим.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот