Објавена пораката на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација

Објавена пораката на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација

„Дојди и види“ (Иван 1,46). Да комуницираш среќавајќи ги луѓето какви што се и каде што се е темата на пораката на папата Фрањо за 55 Светски ден на средствата за социјална комуникација, објави во вторникот на 29 септември Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

„Дојди и види“. Овие зборови на апостолот Филип се центарот на Евангелието: христијанското навестување, повеќе од зборови, се состои од погледи, сведоштва, искуства, средби, близина, зборови – живот. Токму тие зборови од Евангелието според Иван (1,43-46) папата Фрањо ги избра за тема на пораката за 55. Светскиот ден на средствата за социјална комуникација кој ќе се одржи во мај 2021 година. „Да комуницираш среќавајќи ги луѓето какви што се и каде што се“, е поднасловот на пораката. (…)

Во епохалната промена низ која поминуваме, во време кое заради пандемијата нè обврзува да држиме социјална дистанца, комуникацијата може да овозможи близина која е неопходна за препознавање на она што е важно и за разбирање на вистинското значење на работите.

Не ја знаеме вистината ако не ја доживееме, ако не ги среќаваме луѓето, ако не учествуваме во нивните радости и таги. Старата поговорка вели: „Бог те среќава таму каде што си“ може да биде патоказ на оние кои работат во медиумите или се занимаваат со комуникацијата во Црквата. Во повикот до првите ученици, Исус кој им оди во пресрет и ги повикува да Го следат, гледаме исто така повик на користење на сите медиуми, во сите нивни облици, за да се допре до луѓето какви што се и каде што живеат, се наведува во текстот за најава на темата на пораката на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација која ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторникот на 29 септември.

Светскиот ден на средствата за социјална комуникација се слави на првата недела после Вознесението Христово, која следната година се паѓа на 16 мај.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот