Општото добро е поважно од зашитата на патентите

Општото добро е поважно од зашитата на патентите

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева, надбискупот Иван Јурковиќ повторно побара праведна распределба на вакцините против коронавирусот.

Зборувајќи на 9 декември пред Светската организација за интелектуална сопственост во Женева надбискупот Јурковиќ истакна дека пристапот до тестирање, вакцинирање и лекување во пандемијата е одлучувачко за нејзиното совладување. Остро го осуди однесувањето на некои земји кои не сакаат да ја делат вакцината, што е проблематично не само за сиромашните земји, туку и за индустриски развиените.

Патентите мора да бидат во интерес на сопствениците но и на корисниците, цитираше надбискупот од Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост. Исто побара контролни механизми на пазарот, истакнувајќи го ставот на Светиот Престол дека општото добро мора да има приоритет пред интелектуалната сопственост.

Владите на богатите земји кои претставуваат само 14 % од светското население, досега купиле 53 % од вакцините, па така на пример Канада може да вакцинира пет пати повеќе луѓе отколку што има население.

Надбискупот Јурковиќ истакна дека и со оглед на обврските за почитување на човековите права земјите имаат обврска да ги споделат и резултатите од истражувањата, знаењето и медицинските материјали. Исто така предупреди дека иако е пожелно интензивирање на научните активности потребно е да се имаат на ум етичките начела посебно генетските истражувања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот