Црквата треба храбро и слободно да зборува за вистината

Слободно навестување и  без страв да се зборува вистината, тоа е патот на Црквата – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 13 април во капелата на домот Света Марта.

Папата рече дека како што апостолите искусиле по Исусовото воскресение, единствено Светиот Дух давајќи ни храброст е способен да го промени нашето однесување и животот, а тоа и апостолите го искусиле по Исусовото воскресение.

„Ние не можеме да молчиме за она што сме го слушнале и виделе“; осврнувајќи се на изјавата на Петар и Иван земена од Делата Апостолски, Папата потсети дека Петар и Иван биле во затвор, бидејќи правеле чуда и дека свештениците им забраниле да зборуваат во името Исусово, а тие враќајќи се кај браќата ги поттикнувале слободно да го навестуваат Божјото Слово; да го молат Господ за „своите слуги“ да им даде сила слободно да го навестуваат Неговото Слово.

Патот на црковната порака и денес е пат на слободата, пат на христијанската храброст. Петар и Иван – како што вели Светото Писмо – биле храбри; слободно зборувале за она што го слушнале и виделе… Апостолите по Исусовата смрт се плашеле, а по неговото воскресение за сè слободно зборувале – рече Папата, а потоа се осврна на разговорот помеѓу Исус и Никодим за новото раѓање, за новиот живот.

Папата истакна дека и тој е на „тој пат на слободата“, вистински протагонист на Светиот Дух, бидејќи единствено Тој е способен да ни даде храброст за навестување на Исус Христос. Навестувањето по тој слободен говор се разликува од прозелитизмот. Ние не правиме пропаганда за нашето „духовно општество“ да има повеќе членови. Христијанинот слободно навестува, а навестувањето на Исус Христос побудува чудење преку Светиот Дух кое нè води напред – објасни папата Фрањо осветлувајќи ја улогата на Светиот Дух.

Светиот Дух е вистински протагонист на сè. Кога Исус зборува за „новото раѓање“ ни дава да насетиме дека Духот е Тој Кој нè менува, кој дува како ветар, а ние го слушаме неговиот глас. Единствено Светиот Дух е способоен да го промени нашето однесување, нашиот живот и нашата припадност. Од Него доаѓа милоста на храброст. Он на Петар и Иван едноставни луѓе им даде сила до мачеништво да Го навестуваат Исус Христос – истакна Светиот Отец.

Милоста која ја дава Светиот Дух е пат на христијанската храброст. Ако Духот не ни дава сила залудни се нашите напори. Црквата по Воскресението нè подготвува за да го примиме Светиот Дух. Затоа Папата завршувајќи ја проповедта поттикна „во славењето на смртта и воскресението на Исус Христос да се сетиме на целата историја на спасението и да молиме милост Светиот Дух да ни даде храброст за навестување на Исус Христос.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот