Папата го поддржа Маршот за живот во Франција

Папата го поддржа Маршот за живот во Франција

Целото зло кое делува во светот може да се резимира под „непочитување на животот“.

Почитување на приговорот на совеста за звања кои се занимаваат со медицина ќе биде причината за 13. Марш за живот кој ќе се одржи на 20 јануари во Париз. Организаторите на тој настан ги охрабри папата Фрањо со кратка порака преку апостолскиот нунциј во Франција, надбискупот Луиџи Вентури.

Срдечно поздравувајќи ги учесниците на Маршот за живот, Светиот Отец кој поттикнат од уверувањето дека целото зло кое делува во светот може да се резимира од „непочитувње на животот“, ги охрабри на неуморно сведочење на неотуѓивите вредности на човечкото достоинство и животот – пишува во пораката.

И покрај обидите да се банализира абортусот, организаторите меѓу кои се различни католички тела истакнуваат дека тој чин за целото граѓанско општество претставува вистинско прашање на совеста. Маршот за живот сака да биде апел до Французите за одлучно да гледаат на прифаќањето на животот уважувајќи го правот на приговор на совеста.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот