Европско Маријаполи за единство меѓу народите

Европско Маријаполи за единство меѓу народите

Човештвото ќе има иднина само ако биде обединето – е пораката од Европскиото Маријаполи, иницијатива која во организација на Движењето на фоколарите е одржано минатите денови на северот на Италија.

Во Тонадиќ, место во Доломитите од 14 јули до 11 август се одржа Европско Маријаполи, иницијатија која со цел промовирање на единството меѓу луѓето го организираше Движењето на фоколарите исто така познато под името „Дело Мариино“. Во истото место пред 70 години, односно 1949 година недолго по завршувањето на Втората Светска војна, е одржан првиот Маријаполи.

Програмата на тоа посебно летување на планина под мотото „Цели во висините“ беше поделен на четири недели и е одржан на различни јазици. На средбата учествуваат вкупно 2.650 луѓе од Европа и светот.

Во неделата на 11 август на литургиското славење кое го предводеше надбискупот на Тренто монс. Лауро Тиси, учесниците на Маријаполи на различни јазици прочитаа текст со кои изразија желба способностите и вредностите на нивните заедници да се стават во служба на сите останати, со цел взаемноот почитување меѓу земјите да расте сѐ додека не се претвори во љубов чии плодови, како што се мир и социјална праведност, делење на материјалните, интелектуалните и духовните добра, вниманието кон последните и целосна грижа за планетата ќе можат да се искусат насекаде.

Членовите на Движењето на фоколарите кое во 1943 година го основа Кјара Љубик уште во 1959 година склопија братство и сите народи на земјата ги доверија на Блажена Дева Марија за таа од нив да направи едно семејство.

На Европското Маријаполи учествуваа и претставници од Македонија.

Категорија: Вести, Свет

За авторот