Папата Фрањо е отпуштен од римската болница Гемели

Папата Фрањо е отпуштен од римската болница Гемели

Папа Фрањо се врати во Ватикан во петок наутро, 16 јуни 2023 година откако е отпуштен од болницата Гемели каде на 7 јуни му беше извршена операција.

Додека ја напушташе болницата, папата Фрањо накратко го запре автомобилот за да ги поздрави присутните.

Во кратката изјава во четвртокот, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, ги информираше новинарите дека папата Фрањо утрово ќе биде отпуштен од болница.

Хирургот кој го оперираше Папата, д-р Серхио Алфиери, рече дека на Папата му оди добро, дури и подобро од претходно.

Папата, одговарајќи на прашања на некои новинари, рече „сè уште сум жив“ и ја изрази својата тага поради трагичната смрт на мигрантите во Грција.

По заминувањето на Папата од болницата, тој ја продолжи својата традиција да ја посети римската базилика Света Марија Велика за да се помоли пред Пресветата Мајка. Светиот Отец, исто така, ја посети базиликата пред да се врати во Ватикан, откако беше хоспитализиран поради бронхитис на 1 април 2023 година и по операцијата на дебелото црево на 14 јули 2021 година.

Враќање во нормала

Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол редовно ја информираше јавноста за здравствената состојба на Папата, постојано наведувајќи дека медицинскиот тим известува дека клиничката слика прогресивно се подобрува и дека „постоперативниот тек и закрепнувањето се во ред“.

Немаше компликации со операцијата на Папата.

Се очекува папата Фрањо да продолжи со патувањата и неговите вообичаени активности со текот на времето, но не треба да крева тешки предмети.

Поради операцијата и последователното закрепнување, аудиенциите на Папата се откажни до недела, 18 јуни.

Папата Фрањо има апостолски патувања во Португалија, од 2 до 6 август, по повод Светскиот ден на младите, и во Монголија, од 31 август до 4 септември.

За време на престојот, Светиот Отец се заблагодари на својот медицински персонал за нивната професионалност и заложбите „да ги ублажат страдањата на другите, не само со лекови, туку и со нежност човечност“.

Универзитетската поликлиника Агостино Гемели, најголемата болница во Рим, е наставна болница на Медицинскиот факултет на Католичкиот универзитет.

Болницата го добила името по фрањевскиот монах Агостино Гемели, лекар и психолог, кој исто така бил основач и прв ректор на Универзитетот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот