Улф Екман на света Литургија кај папата Фрањо

Улф Екман, некогаш највлијателниот протестантски проповедник во Европа, а денес католик, присуствуваше на Литургија предводена од Папата, која ја служеше во домот Света Марта.

Швеѓанецот Екман, поранешен пентекостален пастор кој ја има формирано една од најголемите заедници на протестантските цркви во Европа – Слово Господово – и официјално стана католик на 21 мај, заедно со својата сопруга Биргит. Неговото прифаќање на католичката вера одекна во христијанска Европа, бидејќи заедницата што ја предводеше е една од најголемите, а често беше и непријателски расположена кон Католичката Црква.

По литургијата Екман се сретна со Папата, кој беше заинтересиран за судбината на верниците на кои до неодамна им беше тој пастир. Швеѓанецот гостуваше вчера во Радио Ватикан, и повторно проговори за своето преобраќање на Католичката вера.

„Пред година дена бев на одлучувачка точка. Чувствував дека Господ ме вика во Црквата и морав да донесам одлука. Одолговлекував бидејќи се прашував што ќе биде со заедницата, со луѓето што ми беа мене доверени. Но, дојдов до заклучок дека, ако ме повикува Господ, тогаш морам да му верувам, па и дека Тој ќе се погрижи за луѓето. Ако Бог ми зборува мене, тогаш сигурно и на нив ќе им зборува. И дека ќе ме разберат, можеби не веднаш, но ќе разберат. Го предадов водството на досегашните мои соработници и морам да кажам дека водачите на нашите заедници во последниве години поминаа голем екуменски пат. Можеби немаат направено голем чекор како мене, но сигурно одат напред. Некои мои соработници можеби не се согласуваат докрај со одлуката на моето семејство, но ја почитуваат и разбираат нејзината причина“, рече Екман.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот