Папата Фрањо служеше света Литургија за филипинската католичка заедница во Рим

Папата Фрањо служеше света Литургија за филипинската католичка заедница во Рим

Во неделата попладне, во базиликата Свети Петар, папата Фрањо служеше света Литургија за филипинската католичка заедница во Рим и го истакна нивното посебно послание: Нека вашата вера биде „квасецот“ во парохиските заедници на кои денес им припаѓате

Нека вашата вера биде „квасецот“ во парохиските заедници на кои сега им припаѓате – ја поттикна папата Фрањо филипинската католичка заедница во Рим, на светата Литургија која ја служеше во неделата попладне во базиликата Свети Петар. Напоменувајќи во проповедта дека се подготвуваме да го прославиме таинството на овоплотувањето на Емануел, Бог со нас, Кој прави чуда за својот народ, Папата истакна дека тие чуда се знаци на присуството на Неговото Царство. Бидејќи на животните периферии сѐ уште има многу жители – рече Папата. Мора да Го молиме Господ секоја година да го обнови чудото на Божиќ, прикажувајќи се самите средства на неговата милосрдна љубов кон последните.

За соодветно да се подготвиме за таа благодат, Црквата ни го нуди времето на Божиќниот пост во кое сме повикани да го разбудиме во срцето очекувањето и да ја засилиме молитвата. За таа цел, во богатството на различните традиции, партикуларните Цркви имаат воведено различни побожности – рече Папата и додаде дека така на Филипините, веќе со векови постои деветница како непосредна подготовка за Божиќ, наречена „Simbang-Gabi“ односно „Ноќна миса“.

Во текот на девет дена – објасни Папата, верниците на Филипините се собираат во зората во своите парохии на посебно евхаристиско славење. Последните децении, благодарение на филипинските мигранти, таа побожност ги помина националните граници и се вдоми во други земји. „Simbang-Gabi“ веќе со години се слави и во Римската бискупија – рече Папата, а денес заедно ја славиме овде, во базиликата Свети Петар.

Целта на тоа славење е – според зборовите на Папата, добро да се подготвиме за Божиќ и да се обврзиме на манифестирање на љубовта и Божјата нежност кон сите, а посебно кон последните. Повикани сме да бидеме фермент во општеството кое често не успева да ужива во Божјата убавина, ниту да ја искуси благодатта на Неговото присуство рече Папата и истакна: Вие, драги браќа и сестри кои сте ја напуштиле својата земја барајќи подобра иднина имате посебно послание. Нека вашата вера биде „квасецот“ во парохиските заедници на кои денес им припаѓате.

Овозможувајте пригоди за средби, за да го споделите со другите своето културно и духовно богатство, дозволувајќи истовремено да ве збогатува искуството на другите. Сите сме повикани заедно да градиме заедништво во различностите кои се карактеристика на Божјото Царство. Сите сме повикани заедно да искажуваме љубов кон жителите на животните перифериии, ставајќи ги во служба своите различни дарови. Сите сме повикани заедно да го навестуваме Евангелието, Радосната вест за спасението, на сите јазици, за таа да дојде до што повеќе луѓе – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот