Светиот Дух е наш сопатник

Ватикан, 6.5.2013 /к.мк/ – Светиот Дух е наш пријател и сопатник на патот и ни кажува каде е Исус, ова го рече за време на денешната Литургија папата Фрањо, која ја служеше во капелата на домот „Света Марта” во Ватикан. Папата ја истакна важноста од испитот на совеста за животот на секој христијанин. На светата Литургија присуствуваа некои од вработените во фабриката Свети Петар, придружени од кардиналот Анџело Комастри и од монс. Пабло Колини, префект на музичката капела.

Свеото размислување за време на денешната проповед Папата ја посвети на Светиот Дух, едно од Лицата Божји, кој сведочи за Исус Христос (сп. Иван 15,26) Папата повика за заштита од Светиот Дух, кој „Исус го нарекува Утешител“, односно оној кој не заштитува и кој секогаш е заедно со нас, за да ни помага.

Без присуството наа Светиот Дух христијанскиот живот не може да биде разбран, рече Светиот Отец: не би бил христијански. Тоа би било религиозен живот, пагански, очаен живот кој верува во Бог, но без животна сила, која Исус ја посакува за своите ученици. И тоа е Светиот Дух кој со неговото присуство дава животна сила.

 „Светиот Дух „сведочи” за Исус за да можеме да го предадеме на другите” – истакна Папата.

 Во првото читање слушаме за една жена по име Лидија, која го слуша Павле. За неа се вели дека Господ и го отвори срцето, за да одговори на зборовите на Павле. Тоа го прави Светиот Дух: тој ни го отвора срцето, за да Го познаеме Исус. Без него не можеме да Го познаеме Исус. Ги подготвува срцата за средбата со Исус. Не поттикнува да одиме по патот на Исус. Светиот Дух делува во нас во текот на целиот ден, за време на целиот наш живот, како сведок, кој ни кажува каде е Исус”.

 Папата повика повеќе пати на молитва, како средство преку кое добиваме во секој момент благодат од Пасхата. Тоа богатство е возможно благодарејќи на Светиот Дух – рече Светиот Отец. Папата Фрањо повика и на испит на совеста, која христијаните ја прават секој ден, тоа е вежба која ни прави добро, бидејќи е важно да сфатиме што Господ направи во нашето срце:

 „Да молиме за благодат за да се навикнеме на присуство на овој сопатник, Светиот Дух, на овој сведок на Исус, кој ни открива каде е Исус, како да најдеме Исус и што ни зборува Исус. Тој ни е пријател. Исус ни го остави како пријател: Имаме ли навика да се прашуваме пред крајот на денот: „Што денес направи за мене Светиот Дух? Каков пример ми даде? Како ми зборуваше? Што ми препорача? Тој е Божјо присуство и ни помага да напредуваме на нашиот христијански пат”. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<