Папата ги прими на аудиенција членовите од фондацијата Иван Павле II

Во недела, на 26 април, папата Фрањо ги прими на Аудиенција членовите на фондацијата „Иван Павле II, кој им укажа дека за да биде плодоносна нивната работа треба сѐ повеќе да црпаат од богатата социјална наука на свети Иван Павле II.

Канонизацијата на папата Иван Павле II, даде нов поттик за вашата работа, во служба на Црквата и евангелизацијата. Таа го направи, ако е можно, уште поуниверзална – рече папата Фрањо во говорот до членовите на Фондацијата Иван Павле II, кој вчера, на 26 април, ги прими на аудиенцијата. Вие давате скапоцен придонес со цел духовното наследство на овој свет Папа да продолжи да го оплодува големото поле на Црквата и да го поддржува нејзиниот историски од – рече Светиот Отец.

Ви благодарам, особено, за иницијативите на образовно поле во корист на младите. Свети Иван Павле II секогаш имаше голема љубов и посебна пастирска грижа за младите. Со вашата помош неговата харизма и татковство и ден денешен вродува со плодови – рече папата Фрањо, додавајќи:

Исто така и на свештениците и на лаиците им давате скапоцена можност за оформување. Благодарение на вас, можаат полесно да ги следат заедниците соочувајќи се со културните и пасторалните предизвици на нашето време. За постигнување на оваа цел може да црпите од богатата социјална наука на Иван Павле II, која е поактуелна од било кога. Доволно е да се сетите на еден од клучните зборови на таа наука, а тоа е „солидарноста“. Можеше да се помисли дека таа ќе исчезне, но всушност таа и денес сеуште ја чува сета своја пророчка сила – рече папата Фрањо.

Затоа важно е вие, членовите на Фондацијата, први да ја живеете меѓусебната солидарност. Постојано хранете ја со вашето христијанско братство, кое инспирира на молитва и на послушност на Божјите зборови. Тоа нека ви го додели Блажената Дева Марија, на која свети Иван Павле II, ѝ го посвети целиот свој живот и својот понтификат – рече на крајот папата Фрањо, поттикнувајќи ги членовите на Фондацијата да се молат за него.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот