Папата Фрањо ја спомна убиената сестра Луиза Дел Орто

Папата Фрањо ја спомна убиената сестра Луиза Дел Орто

На крајот од молитвата Ангел господов на 26 јуни 2022 година, папата Фрањо ја спомена сестра Луиза Дел Орто од Малите сестри од Евангелието, која во сабота 25 јуни 2022 година, на 65 годишна возраст, беше убиена во Порт-о-Пренс, Хаити, каде што делуваше.

Сестрата мисионерка, Луиза, родум од Лече, Италија, живееше на Хаити околу дваесет години и првенствено беше посветена служејќи им на децата од улица, рече Папата.

„Ја доверувам нејзината душа на Бога и се молам луѓето на Хаити, посебно за малите, да имаат помирна иднина, без беда и насилство. Сестра Луиза го направи својот живот дар за другите со нејзиното мачеништво“.

Папата ја изрази својата близина со членовите на семејството на сестра Луиза, како и со нејзината монашка заедница Мали сестри од Евангелието, кое е вдахновено од харизмата на Свети Шарл де Фуко.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот