Папата до постарите свештеници: Староста не е болест, туку привилегија

Папата до постарите свештеници: Староста не е болест, туку привилегија

„Вие не сте само приматели на помош, туку и активни актери во заедницата“, им напиша папата Фрањо на постарите свештеници од италијанскиот регион Ломбардија, кои се собраа со своите бискупи на Денот на братството.

„Доживувате време на старост, што не е болест, туку привилегија“, им напиша папата Фрањо на постарите и болните свештеници од северниот италијански регион Ломбардија, кои се сретнаа на 16 септември 2021 година со локалните епископи на денот на братството. Во писмото прочитано од Роберто Бусти, бискуп од Мантуа, Светиот Отец ги споменува евангелските старци Симеон и Ана, во чии животи „евангелието дојде кога остареле и кога го зедоа Исус во свои раце тие прогласија револуција на нежност кон сите“.

Болеста е исто така привилегија

Папата пишува дека и оние што се болни ја имаат привилегијата да се споредат со Исус кој страда и „да го носат крстот како што тоа го правеше тој“. Затоа, заедницата што се грижи за болните е „добро вкоренета во Исус“. Но, во таква заедница, старите и болните свештеници не се „само приматели на помош, туку активни актери“, кои во заедницата се „носители на соништа, соништа кои се полни со сеќавања и затоа се многу важни за помладите генерации“.

Молете се за мене, бидејќи сум „малку стар и малку болен“

„Од вас течат животворни сокови за просперитет во христијанскиот живот и во службата“, рече Папата во краткото писмо до постарите свештеници, завршувајќи со своето вообичаено барање, спомнувајќи ја неговата неодамнешна операција: „Ве молам, молете се за мене, кој сум малку стар и малку болен, но не многу!“

Молитва за свештениците починати од Ковид-19

Денот на братството се одржа како дел од традиционалната средба на Регионалната епископска конференција во Ломбардија. За време на Светата Миса, со која претседаваше миланскиот надбискуп Марио Делфини во светилиштето Санта Марија дела Фонте во градот Караваџо, беше упатена молитва за ломбардските свештеници кои починаа од коронавирус: скоро 300 италијански свештеници се жртви на пандемијата, а 92 се до овој регион.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот