Европските епископи се помолија за жртвите од Првата светска војна

Европските епископи се помолија за жртвите од Првата светска војна

Епископите на Советот на епископските конференции од земјите на Европската унија одржа пленарна сесија во Фландрија. На почетокот на сесијата го посетија белгискиот град Ипер и се помилија за жртвите од Првата светска војна.

Епископите на Советот на епископските конференции од земјите на Европската Унија во средата, на 24 октомври 2018 година го посетија белгискиот град Ипер местото на неколку битки од Првата светска војна. Таму во катедралата „Свети Мартин“ во присуство на повеќе стоитици млади од различни земји славеа света Литургија за сите загинати, а потоа учествуваа на екуменската молитва во Меморијалната црква „Свети Георги.“

Настанот е организиран ден пред есенската сесија на советот и во пресрет на сто годишнината од крајот на Прата Светска војна. Во соопштението објавено по спомнатиот настан епископите ги замолуваат сите луѓе со добра волја заедно да работат на промовирање на дијалогот, клучниот елемент за проектот на мирот на Европската Унија.

Есенската сесија на советот е одржана на 25 и 26 октомври 2018 година во Брисел. Темата на сесијата беше изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година. Епископите исто така разговараа со високи претставници на Европската Унија за идните предизвици за Европа – е објавено на интернет страницата на Советот на епископските конференции од земјите на Европската унија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот