Да нема повеќе насилство во името на Бога

Да нема повеќе насилство во името на Бога

Претседателот на Папската теолошка академија во Истанбул го посети вселенскиот патријарх Вартоломеј I: „Христос е секогаш на страната на сите жртви, украински и руски“. Папската академија работи на низа иницијативи за „теолгоија на излегување“, насочени кон сите, почнувајќи од последните.

„Бог и насилството меѓу религиите и христијанската вера“ – оваа тема ќе биде во центарот на теолошкиот центар, кој наскоро ќе биде формиран, по посетата, изминативе денови, во Истанбул на претседателот на Папската теолошка академија, бискупот Антонио Стаљано кај вселенскиот цариградски патријарх Вартоломеј I.

Минатото кое излгеда завршено

Во заднина е војната во Украина, која доведе до повторно појавување на „христијанското минато“ кое многумина веќе го сметаа за завршено, односно атеолошката идеја дека Бог може да биде на страната на еден народ „против“ друг. Апсурдно е – според мислењето на патријархот Вартоломеј – да се вовлекува Исус во такви работи, кој умре на крстот за да го открие светото лице на Бога-агапе, кој е само и секогаш љубов. Имено, Христос е секогаш на страната на жртвите, сите, Украинци и Руси – се вели во соопштението на Папската теолошка академија – додека со својата заповед за љубов бара секој да биде на негова страна, на страната на простувањето, пријателството, општото братство.

Нагрдена слика за Бога

Да се постапува насилно во името на Бога е сатанско – со оваа мисла на папата Фрањо целосно се согласува и патријархот Вартоломеј, кој го смета Папата за вистински брат. Покрај социјалните проблеми како што се милиони раселени лица, проблемите на геополитичката реконфигурација на Азија и Европа, пасторалните проблеми на верата сведочени со прифаќање и гостопримство, војната во Украина – беше истакнато – наметнува пред се теолошки проблеми поради Божјата слика која секогаш е компромитирана и деградирана во секоја војна која се води со предзнакот „Бог тоа го сака“.

Теологија во подем

Беа споменати некои историски факти, како што е ограбувањето на Константинопол во 1204 година или падот на Византиската империја во 1453 година, кога монаси масакрираа монасите, а христијаните масакрираа христијани. Ова се настаните кои поттикнуваат бројни прашања на кои треба да се одговори: навистина во името на Бога? И зошто Бог не ја слуша молитвата на оние кои бараат заштита?

Затоа прашањето за Бога и христијанската објава ќе биде во центарот на низата иницијативи за „теологија во излегување“, насочена кон обичните луѓе, особено кон последните, на кои работи Папската теолошка академија, чекајќи Светиот Отец да одобри нов Статут.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот