Папата: Да молиме за духовно расудување

Папата: Да молиме за духовно расудување

Папата Фрањо во својата молитвена накана за месец март 2018 година повика да се молиме за формација во духовното расудување. Времето во кое живееме нѐ повикува да развиеме длабока способност за расудување – рече Папата во пригодната видео порак. Да се открие од сите гласови, кој е Господовиот, кој е Неговиот глас кој нѐ води кон воскресението, животот и глас кој нѐ ослободува од припаѓањето на културата на смртта.

Имаме потреба за „внатрешно читање“ за она што Господ го бара од нас како би живееле во љубов и би го продолжиле неговото послание на љубов – истакна Светиот Отец и заврши: Да молиме заедно како целата Црква би ја препознала важноста од формација во духовното расудување, како на личен така и на заеднички план.

РВ/к.мк

Т

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот