Бенедикт XVI во новото писмо: Се покажа дека Вториот ватикански собор бил неопходен

Бенедикт XVI во новото писмо: Се покажа дека Вториот ватикански собор бил неопходен

Почесниот папа Бенедикт XVI упати писмо до учесниците на Меѓународниот симпозиум на тема „Еклесиологијата на Јозеф Рацингер“, кој се одржа на американскиот францискански универзитет во Стубенвил и ја потврди важноста и наследството на Вториот ватикански собор.

Црквата од неодамна ја одбележа 60 годишнината од Вториот ватикански собор и почесниот папа Бенедикт XVI рече дека тој собор не бил само „смислен“, туку и „неопходен“ во писмото упатено до фра Дејв Пивонка, претседател на Францисканскиот универзитет во Стубенвил. Тој американски универзитет беше домаќин на 10. Меѓународен симпозиум на тема „Еклесиологијата на Јозеф Рацингер“ кој се одржа на 20 и 21 октомври. Симпоизумот се одржа под покровителство на ватиканската фондација „Јозеф Рацинегер-Бенедикт XVI и претседателот на фондацијата патер Фенерико Ломбарди го прочита писмото на почесниот Папа.

Во писмото Бенедикт XVI пишува дека за него е „голем чест и радост што во САД, на Францисканскиот универзитет во Стубенвил, меѓународниот симпозиум се занимава со мојата еклесилогија, ставајќи го така моето размислување и труд во големата река во која се движеше.“

„Кога започнав да студирам теологија во јануари 1946 година“, продолжува, „никој не размислуваше за екуменски собор. Кога папата Иван XXIII го најави, на сечие изненадување имаше многу двоумења околу тоа дали тоа ќе има смисла, дали воопшто ќе биде возможно да се организираат увиди и прашања во целосната соборска изјава и така да и се дадат на Црквата насоки за нејзиниот понатамошен од.“ Како што пишува Бенедикт XVI: „Во реалноста се покажа дека новиот собор не е само значаен, туку и неопходен.“

За прв пат, продолжува „прашањето за теологијата на религиите се покажа во својата радикалност.“ Истото важи, напоменува почесниот Папа, за односот помеѓу верата и светот на чистиот разум. „Двете теми порано не беа замислени на тој начин“, кажа. Тоа објаснува зошто Вториот ватикански собор предизвика на почетокот непријатност и мислата дека тоа повеќе ќе ја потресе на Црквата отколку да даде јасност на нејзиното послание.

Почесниот Папа изразува искрена надеж дека Меѓународниот симпозиум „ќе биде од помош во борбата за исправно разбирање на Црквата и светот во нашето време.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот