Папата ги откажа денешните обврски поради болки во коленото

Папата ги откажа денешните обврски поради болки во коленото

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник 26 април 2022 година соопшти дека Папата ги откажа денешните обврски поради болки во коленото, меѓу кои и состанокот со Кардиналскиот совет.

Светиот Отец веќе некое време страда од болки во коленото, што влијае на неговите обврски и средби со луѓето, како што беше случајот, на пример, во Страсната седмица. Папата утрово слушајќи ги советите на лекарите ги прекина планираните активности поради болки во коленото, вклучително и учество на седницата на Кардиналскиот совет – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Во саботата, на крајот на симпозиумот промовиран од Здружението „Fiat“, Папата однапред им се извини на учесниците на аудиенцијата затоа што ќе ги пречека седејќи истакнувајќи дека „оваа болка во коленото не дозволува многу да се стои“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот