Светата Литургија на Велики Четврток Папата ќе ја служи во еден римски цантар за рехабилитација

Светата Литургија на Господовата вечера на Велики Четврток папата Фрањо ќе ја предводи на едно од централните места на солидарност во Рим, во Центарот света Марија од Провидноста, кој делува во рамки на фондацијата Дон Карло Гночи. Како што се истакнува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светата Столица, на Литургијата ќе учествуваат штитеници од тој центар, и нивните семејства, како и персоналот и раководството на центарот. Да потсетиме дека минатата година на Велики Четврток Светиот Отец беше во римскиот казнен завод за малолетници Касал дел Мармо.

Фондацијата Дон Карло Гночи управува со Центарот света Марија од Провидноста од 2003 година, продолжувајќи ги неговите поранешни активности во корист на оние кои се најмногу притиснати од неволји и поттикнувајќи нови области на делување, покрај обновата на структурите која траеше до 2009 година. Тој центар денеска е завод за рехабилитација со 150 кревети, 40 кревети за дневно болничко лекување, амбулантна рехабилитација, како и 20 места за куќна рехабилитација.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот