На Крстниот Пат на Велики Петок со Папата ќе молат деца

На Крстниот Пат на Велики Петок со Папата ќе молат деца

За време на побожноста Крстен Пат на Велики Петок папата Фрањо на плоштадот Свети Петар ќе го придружуваат дваесет деца. Размислувањата за 14 постојки ги подготвија децата од веронаука од римската парохија Светите Маченици од Уганда и извидниците од групата „Foligno I.“ од италијанската покраина Умбрија. Цртежите кои се во придужба на текстот ги направија штитениците од два дома во Рим.

Дваесет деца и млади од Рим и Фолињо ќе бидат со папата Фрањо оваа година на побожноста Крстен Пат на Велики петок, но многу повеќе учествуваа во подготовката на размислувањата кои четворица од нив ќе ги читат на речиси празниот плоштад Свети Петар како што беше и минатата година за време на „целосното затворање“ во првата фаза од пандемијата од болеста Ковид-19. Тие млади исто така се автори на цртежите кои се наоѓаат со текстот на размислувањето.

Освен тие, уште 40 деца и млади ќе бидат пред базиликата Свети Петар, а ќе ги претставуваат 500 свои врсници од римската парохија Свети Маченици од Уганда кои се подготвуваат за Прва света Причест и Миропомазание; потоа 145 извидници членови на ивиздничките групи „Foligno I.“ од истоимениот град во италјанската покраина Умбрија и 40 деца меѓу кои мали на возраст од 3 до 8 години, од двата римски домови („Tetto Casal Fattoria“ i „Mater Divini Amoris“). Сите тие учествуваа во подготовката на текстовите и цртежите кои ќе ни помогнат заедно со Папата да ја доживееме Исусовата мака и смрт.

„Силно ме погодија нивните размислувања за Исусовата средба со мајка си. Тоа е момент кој многумина ги импресионира“, рече во разговор за Радио Ватикан дон Луиџи Д’Ерико парох на парохијата Светите Маченици на Уганда, „Некој од нив напиша: „Колку Исус трпел на крстот, гледајќи ја долу својата мајка која плаче!“ Разбирлива е таа реакција затоа што имаат многу блиски односни со родителите“, додаде дон Луиџи.

„Во време на пандемија нашите ученици од веронаука силно ги потресе можноста дека би можеле да се разболат и да останат сами. Така и преку Крстниот Пат видоа дека Исус бил напуштен, дека останал сам; таму била само неговата мајка и уште неколку луѓе“, напомена. Покрај училишната настава на далечина и веронаучните средби на платфрмата Зум, многу е важно за нив тоа што учествуваа во подготовката на побожноста Крстен Пат, иако многумина ќе го следат само преку телевизија затоа што тоа ззначи дека не се напуштени, дека не се сами,“ рече дон Луиџи Д Ерико.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот