Папата ненадејно ја посети Едит Брук

Папата ненадејно ја посети Едит Брук

Папата Фрањо во сабота попладне на 20 февруари 2021 година во Рим ја посети унгарско-италијанската писателка Едит Брук, која го преживеала нацистичкиот логор Аушвиц.

Имено, Папата го прочитал нејзиното интервју во полуофицијалниот ватикански дневен весник L’Osservatore Romano и посакал да ја запознае, ја посети во нејзиниот римски стан за да и се заблагодари за тоа сведоштво.

Родена во Унгарија во големо еврејско семејство, Брук била депортирана во 1944 година во концентрациониот логор Аушвиц, а потоа во концентрациониот логор Дахау, а е ослободена во концентрациониот логор Берген-Белсен во 1945 година. Во 1954 година заминува во Италија, каде подоцна добива државјанство. Во своите често наградувани дела, често се занимава со своето детство и холокаустот.

Покрај ужасот, кој го доживеало нејзиното семејство во нацистичкиот прогон, Брук опишува и средби со луѓе кои ѝ го спасиле животот, што многу го импресионирало Папата. Тој изрази желба нивната средба да не се одржи во официјалната атмосфера во Ватикан, а Брук со задоволство го прими во својот дом.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот