Дали света Тереза на Детето Исус му испрати рози на папата Фрањо во Мексико?

Кога папата Фрањо ненадејно застана пред клаузурниот манастир во неделата утрото, тој доби подарок од сестрите кои живеат таму: голем букет од бели рози.

Но што имаше повеќе во овој гест освен што го исполни окото?

Пред една година кога папата Фрањо патуваше за Филипините, тој откри дека пред секое патување или кога има проблем, тој бара роза од света Тереза на Детето Исус. Тој има посебно почитување кон таа светица.

„Кога не знам како ќе се одвиваат работите, имам обичај да побарам од света Тереза на детето Исус да го земе проблемот во свои раце и да ми испрати роза“, им објасни на новинарите Папата Фрањо во јануари 2015 година.

 Има посебна приказна зад розите кои тој ги доби во Мексико.

Неговата посета на манастирот не беше во агендата и сестрите не го очекуваа него. Организаторите на посетата дадоа само неколку минути да ги известат сестрите од монашката заедница „Посетата на Света Марија“. Тие не знаеле дека тој ќе застане да ги поздрави кога ќе помине покрај нивниот манастир на пат за Екатепек.

Во манастирот живеат 50 монахињи на различна возраст. Последниот пат кога тие излегле од манастирот било за гласањето на изборите во Мексико. Во 2002 година кога свети Иван Павле II ја посетил нивната земја, тој исто така поминал покрај манастирот, но не застанал. Сестрите си мислеле дека истата работа ќе се случи повторно.

„Тоа е голема благодат да се има посета на Папата пред нашата манастирска врата. Луѓето ни кажаа дека тој заминал во нунцијатурата. Ни кажаа дека ќе помине низ улицата, а обезбедувањето ни кажа дека ако сакаме можеме да ги отвориме вратите – за секој случај,“ раскажува една сестра, која сакаше да остане анонимна

Сестрата продолжи да објаснува дека заедницата „немала ништо подготвено за да го поздрави Папата. Еден човек кој доаѓа секојдневно на света Литургија ни донесе бели рози тој ден. Луѓето секогаш доаѓаат за да ни донесат работи и ние ги ставаме пред нашиот Бог.“

„Во тој момент нашата мајка поглаварка едноставно се случи да ги има тие рози во своите раце и кога – таа беше пред Папата – спонтано му ги даде нему.“

Папата помина неколку минути поздравувајќи ги сите верници.

„Тој и рече на мајката поглаварка дека е голем благослов што ние ги даваме нашите животи (за Бог) и молиме за Црквата и за него“, раскажува сестрата.

Папата Фрањо благослови повеќе постари сестри. Потоа се поздрави со искушеничките.

„Тој им препорача да учат од постарите и да бидат верни. Потоа ни рече да не заборавиме да молиме за него и нè благослови“, рече една сестра за CNA.

Таа средбата со Папата ја гледаат како провидение и како потврда за нејзиниот повик. „Вреди да се жртвува својот живот, да не се биде вклучен во световните работи, да се жртвуваш себе си во клаузура. Таа нагласи дека неочекувана посета на Папата нè обврза уште повеќе да молиме, да бидеме постојани во нашата молитва.“ Тоа ги охрабрило сестрите да се даваат себе си секој ден во нивниот сокриен живот, за Црквата да има живот и благослов за нашиот Свет Отец.

Овие сестри имаат 90 манастири во целиот свет, од кои осум во Мексико. Од сите клаузурни манастири во земјата нивниот ред има најмногу искушенички. Монашката заедница „Посетата на Света Марија“ е религиозна институција на контемплативен живот основан од свети Фрањо Салешки и свети Хуан Френсис де Шантал во 1610 во Франција.

„Кога Папата си замина се вративме во манастирот се собравме заедно и ја пеевме Те Деум како благодарност за посетата.

NCR/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот