Деца го изненадија Папата со роденденска торта

Папата ја посети амбулантата за деца Света Марта во Ватикан, а потоа во салата Павле VI ги прими малите пациенти заедно со нивните семејства и волонтери, кои секојдневно се грижат за нив.

Децата го изненадија Светиот Отец со мала забава во очи на неговиот 77 роденден, кој е на 17 декември, поклонувајќи му торта и маица.

„Ви благодарам на вашата посета, ви благодарам на вашата љубов, на радоста од овие деца, даровите, тортата…“, рече Светиот Отец.

Откако ги дувна роденденските свеќи Папата додаде: „После ќе ви кажам дали беше добра. Многу ви благодарам. Господ нека ве благослови“, а потоа го прегрна секое дете.

Папата беше поздравен и од управителката на амбулантата сестра Антониета Колачи, која потсети дека амбулантата Света Марта има долга историја. Формирана е во 1922 година од страна на папата Пиј XI и досега во неа помош имаат добиено илјадници деца заедно со своите родители. Амбулантата обезбедува лекарска грижа и психолошка помош, како и основни работи, како што се млеко, пелени, колички за неподвижни, храна, облека и играчки.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот