Папата: Потребен ни е сојуз на младите и старите

Папата: Потребен ни е сојуз на младите и старите

Свечената света Литургија на првиот Светски ден на дедовците, бабите и старите лица во баизликата Свети Петар во 10 часот ја предовдеше претседателот на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација надбискупот Рино Физикела. Во хомилијата на папата Фрањо која ја прочита монс. Физикела истакнато е дека старите лица се скапоцени парчиња леб на трпезата на животот кој никако не смеат да бидат отфрлени.

На самиот почеток монс. Физикела на верниците им порача дека папата Фрањо ќе им се обрати по молитвата Ангел Господов затоа што сѐ уште закрепнува после неговата операција.

Во хомилијата на Светиот Отец која ја прочита монс. Физикела најпрво беше ставен акцентот на Исус кој е свесен за гладот на собраното мноштво. На денот посветен на дедовците и бабите и старите лице, да ги погледнеме овие три моменти: Исус го гледа гладот на мноштвото; Исус го дели лебот; Исус моли да се соберат преостанатите парчиња. Три моменти кои можат да се резимираат во три глаголи: види, дели, сочувај, пишува во хомилијата Папата.

Осврнувајќи се на глаголот „виде“, истакнато е дека чудото започнува токму со Исусовиот поглед кој не е рамнодушен или премногу преокупиран да го забележи гладот на измореното човештво. Господовиот поглед е поглед на грижи, чувствителен е на нашите надежи кои ги носиме во срцата. Го препознава нашиот умор и надежта која нѐ придвижува понатаму, ги изговори монс. Физикела зборовите на папата Фрањо. Во Божјите очи нема анонимна маса, само поединци кои се гладни и жедни. Исусовиот поглед е контемплативен. Ги гледа нашите животи – гледа и разбира.

Тој ист поглед нагласено е оној со кој нѐ гледале бабите, дедовците и старите лица, кои се грижеле за нас кога сме биле деца. И покрај напорната работа и жртвите, никогаш не биле премногу окупирани или рамнодушни кон нас. Како што пишува Светиот Отец љубовта на бабите, дедовците и старите лица ни помогна да растеме.

Понатаму е поставено прашањето каков е нашиот сопствен поглед кон бабите, дедовците и старите лица. Се грижам кога гледам општество кое премногу е окупирано со сопствените работи за да сврти поглед, да поздрави, прегрне, предупредува папата Фрањо. Нашите баби и дедовци кои се грижеле за нас цел живот, сега гладуваат за немалкушто внимание и љубов, копнеат за нашата близина.

Кога станува збор за глаголот „делење“ гледаме како Исус можел да нахрани мноштво заради подготвеноста на младото момче кое го поделил она малку што го имал. Трогателно е како во срцето на ова чудо се наоѓа млада личност која е подготвена на дели, порача Папата, кој повика на сојуз на младите и старите лица. Треба да го делиме богатството на животот, заедно да сонуваме, заедно да ги надминуваме конфликтите меѓу генерациите и да подготвуваме заедничка иднина.

На крајот последниот глагол – „сочува“, Папата го поврза со Господовото срце. Он ни дава и повеќе отколку што ни е доволно, но исто така се грижи за тоа ништо да не биде загубено. Парче леб наизглед изгледа безначајно, но во Господовите очи ништо не е создадено за да биде отфрлено. Уште поважно ниту една личност никогаш не би требало да биде отфрлена. Дедовците, бабите и старите лица не се остатоци од животот кои треба да се отфрлат. Тие се скапоцени парчиња леб кој останале на животната трпеза и кои можат да нѐ исполнат со мирисот кој сме го загубиле – „мирисот на сеќавањето“, нагласува Папата во хомилијата.

Да не ги заборавиме бабите, дедовците и старите лица. Да направиме сојуз со нив. Да научиме да им пристапуваме, да ги слушаме и никогаш да не ги отфрлиме. Да го цениме и да го поминуваме времето со нив. Со тоа на нас ќе ни биде подобро. И така заедно и млади и стари ќе најдеме исполнување на трпезата каде делиме, а благословува Бог, завршува папата Фрањо, а хомилијата ја прочита монс. Рино Физикела.

На свеченото литургиско славење беа присутни бабите и дедовците во придружба на своите внуци а меѓу нив се луѓе кои по прв пат излегуваат од своите домови по повеќе од година дена изолација предизвикана од пандемијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот