Претставен Црковниот одбор на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

Со потврда и благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во недела 1 ноември 2015 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица официјално е претставен црковниот одбор, кој воедно е и прв одбор на парохијата.

Отец Гоце Костов пренесувајќи го архиерејскиот благословот на Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов до сите членови на црковниот одбор, верниците и целата парохија пред парохиската заедница ги претстави одборниците: Трајчо Георгиев, Горан Филипов, Ѓорге Ристов, Ангелов Орце и Горан Илиев. При тоа истакна дека именуваните одборници со нивната побожност, редовност на неделните свети Литургии, како и ангажираноста околу потребите на Црквата беше пресудно за именувањето. На крајот од светата Литургија ја повика парохиската заедница на заедничка молитва за новите одборници.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот