Бискупот Стојанов во Сараево го посети Надбискупскиот центар за млади Иван Павле II

Во среда 30 април 2014 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, кој се наоѓа во повеќедневна посета на врхобосанската надбискупија и кој учествуваше на годишното заседание на бискупите на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина (БК БиХ) го посети и Надбискупскиот центар за млади Иван Павле II (НЦМ).

Соработникот на Ценатрот, Ивица Кустура на бискупот Стојанов и неговиот соработник дон Давор Топиќ им го покажа надбискупскиот пасторален центар кој е во изградба.

Потоа бискупот Стојанов се сретна со управителот на Центарот и одговорниот за пасторал со млади, о. д-р Шимо Маршиќ, кој го запозна бискупот со првите чекори на НЦМ, како и со проектите и посланието на Центарот во Надбискупијата, сведочејќи за скапоценото искуство дека Црквата е во близина на младите и тоа токму преку овој центар. Исто така ја пофали ангажираноста на младите и нивниот ангажман во НЦМ, кои се ангажирани во надбискупијата како аниматори и волонтери.

Бискупот Стојанов се заблагодари на управителот, о. Маршиќ за презентацијата на работата и посланието на Центарот и ги повика заедно со младите од Центарот да ја посетат Македонија и да го споделат искуството од пасторалната работа со младите од Црквата во Македонија. (кта)

Категорија: Македонија

За авторот