Првата дама во посета на Едукативниот центар – Сарај

Првата дама во посета на Едукативниот центар – Сарај

На 13 декември 2023 година Првата дама на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, го посети Едуктивниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово). Таа беше пречекана од страна на директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов како и од локалниот координатор на Македонски Каритас за Сарај о. Ванчо Назов.

Посакувајќи ѝ добредојде и благодарност за посетата, директорот ја запозна со тековните програмски активности и проекти на Каритас на подрачјето на Струмичкиот и Гевгелискиот регион. Првата дама донираше новогодишно-божиќни пакетчиња за сите деца кои го посетуваат Едукативниот центар. Таа го искористи планираното време за директни разговори и дружење со децата, кои не ја криеја среќата и радоста што се среќаваат со Првата дама на државата. Г-ѓа Ѓоргиевска изрази особен интерес за активностите на Македонски Каритас и желба за понатамошна поддршка и взаемна сорабока во интерес на луѓето кои се во потреба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот