Витлеемската пештера на плоштадот Свети Петар ќе биде со песочни фигури

Витлеемската пештера на плоштадот Свети Петар ќе биде со песочни фигури

На плоштадот Свети Петар на 7 декември 2018 година ќе биде поставена божиќното дрво и Вителеемската пештера, која оваа година ќе биде направена од песок, според старата традиција на скулптурите од италијанскиот град Јесол. Елката оваа година ќе ја донира бискупијата Конкордија – Порденоне, а ќе биде земена од шума на италијанската висорамнина Консилио.

За Божиќното дрво

Божиќното дрво е оморика висока околу 21 метар, со пречник од 50 сантиметри, а бујноста е најголема на висина од околу 10 метри. Стеблото ќе го украси и осветли управата на техничката служба на Град Ватикан, во соработка со фабриката Осрам, која ќе дарува современ декоративен систем за осветлување, кој е со многу мала потрошувачка на електрилна енергија и е со ограничено негативно влијание врз животната средина.

За Витлеемска пештера од Јесол

Витлеемската пештера ќе биде изработена со песочни скулптури според старата традиција на градот Јасол, недалеку од Венеција, а песокот ќе биде набавен од Доломитите. Ќе се простира на површина од околу 25 квадратни метри, а ќе биде со релјеф од 16 метри должина, вистина 5 метри и длабочина од 6 метри. Божиќнотот дрво и витлеемската пештера ќе останат на плоштадот Свети Петар до крајот на божиќното време, односно до празникот Крштение Господово.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот