Папата направи промени во структурата во Конгрегацијата за наука на верата

Папата направи промени во структурата во Конгрегацијата за наука на верата

„Fidem servare“ e насловот на документот (Motu proprio) на папата Фрањо со кој се менува структурата на Конгрегацијата за наука, раздвојувајќи го раководството на доктриналниот и дисциплинскиот оддел.

Со апостолско писмо во форма на Motu proprio со наслов „Fidem servare“, папата Фрањо ја промени внатрешната структура на Конгрегацијата за наука на верата, јасно раздвојувајќи, со воспоставување на два одвоени оддели, за доктринарна и дисциплинска надлежност, и назначи секретари за овие два оддели. Тоа значи дека префектот на Конгрегацијата ќе има двајца заменици. Целта на реформата е да се даде соодветно значење на доктриналниот оддел и неговата основна улога во промовирањето на верата, не занемарувајќи ја дисциплинската активност. На овој начин, со посебен секретар, секој оддел ќе има поголема сила и поголема автономија.

Да се зачува верата

„Fidem servare“, да се зачува верата, е насловот на документот затоа што тоа е главната задача, како и конечен критериум кој треба да се следи во животот на Црквата – објасни Папата. Конгрегацијата за наука на вера ја презема оваа важна обврска, преземајќи и доктринарна и дисциплинска наделженост, како што е одредено од папите, особено Павле VI. и Иван Павле II. Имајќи го предвид искуството стекнато од Конгрегацијата за наука на верата низ годините во различни области на работа, папата Фрањо, за да му даде посоодветен пристап во извршувањето на неговите функции, утврдува дека дикастеријата се состои од два оддела, доктринарен и дисциплински; секој е координиран од неговиот секретар, кој му помага на префектот во одредена област од неговата надлежност, во соработка со потсекретарот и раководителот на канцеларијата.

Доктринарен оддел

Доктринарниот оддел се занимава со прашања поврзани со промовирање и заштита на науката за верата и моралот. Понатаму, поддржува истражувања насочени за поголемо познавање и пренесување на верата во служба на евангелизацијата, така што нејзината светлина може да биде мерило за разбирање на смислата на постоењето, особено во однос на прашања кои се однесуваат за напредокот на науката и развојот на општеството. Освен тоа, ги испитува документите што треба да ги објават други дикастерии и списи и мислења кои изгледаат проблематични за вистинската вера, поддржувајќи го дијалогот со нивните автори и предлагајќи соодветни решенија.

Дисциплински оддел

Дисциплинскиот оддел се занимава со кривични дела доделени на Конгрегацијата за наука на верата, а кои ги решава Врховниот апостолски суд. Задачата на овој оддел е да подготви и разработи постапки предвидени со канонски одредби за да може Конгрегацијата, во нејзините различни инстанци (префект, секретар, промотор на правдата, конгрес, редовно заседание, Совет за испитување на жалби во врска со delicta graviora) за да може да промовира правилното спроведување на правдата. За таа цел, Дисциплинскиот оддел промовира соодветни иницијативи за формација понудени на епископите и вработените во правосудството, со цел да се поддржи правилното сфаќање и примената на канонските норми кои се однесуваат на нивната област на надлежност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот