Преподобна маченичка Параскева

Преподобна маченичка Параскева

Била маченички убиена во времето на Антонин Пиј околу 160-та година, била многу популарна во средниот век, и за неа биле напишани повеќе од петнаесет животописи и еднен погребен говор во ракописи кои датираат од XI и XVI век,.

Приказната за Света Параскева, а особено прекрасните авантури од нејзиното мачеништво претставуваат вистински роман, драг на христијаните од античките времиња кои останувале запрепастени од примерот на светите, без да верувааат на раскажаните факти, кои претставувале литературно разубавување за да предизвикаат интерес кај читателите: претрпените маки, неверојатните чуда, апологетските раскази итн. .Животот и мачеништвото на Света Параскева ги содржи сите овие карактеристики, а посебно две се покажале вистинити: постоењето на еден женски манастир во Рим во втората половина на II век, и јавното проповедање на Евангелието од страна на едно девојче, кое не се совпаѓа со обичаите од тоа време и е против забраната од страна на Свети Павле жените да го проповедаат Словото Божјо.

И еве го резимето до 14 страници, кој што еден модерен грчки писател го посветил на Света Параскева: Се родила во Рим, во времето на императорот Адријан, од христијански родители, богати и побожни, кои ја добиле со помош на молитвите. Тие починале кога ќерката имала 26 години и Параскева го продала целото наследство и им го раздала на сиромашните; потоа се повлекла во женскиот манастир во градот. По некое време го напуштила манастирот за да може јавно да проповеда, но од некои евреи била наклеветена на Антониј Пиј дека е закана за официјалната религија. Ттаа се појавувила пред императорот, кој залудно, прво со ветувања, а потоа со закани пробал да ја натера да се откаже. За да ја казни ѝ ставил на глава метален шлем кој претходно бил загреан на оган до тој степен што блескал, но таа не била повредена. Кога го виделе оваа чудо многу од неверниците се преобратиле, но императорот наредил да бидат убиени или прогонети. Потоа Параскева била однесена повторно во затвор, и еден ангел дошол да ја утеши и да ја ослободи од оковите. Другиот ден била однесена повторно пред императорот кој ја закачил за косата, додека мачителите ја мачеле со запалени фаќели, но без успех. Потоа се спремала нова тортура. Се подготвувал еден котел полн со врело масло, и таму ја потопуваат светицата, а таа со сопствените раце му фрлила врела течност, додека таа уште еднаш излегува неповредена; Антонин се преобратува, таа ги лекува неговите белези и го покрстува.

Подоцна Параскева оди да проповеда и во други градови: пристигнала во едно место кое било под водство на некој Асклепиј кој ја преиспитувал за нејзината религија и останал вознемирен од нејзините одговори; ја однел надвор од градот, во една пештера каде живеел еден ужасен змеј. Таа се прекрстила и змејот рикајки се разделил на пола. Кога Асклепиј и другите сведоци го виделе ова се преобратиле и се покрстиле. И на крај Параскева пристигала во еден град кој бил под водство на Тарезиј, кој бил против нејзиното проповедање на евангелието, и ја мачел исто во врело масло, но светицата останала неповредена.

Подоцна ја налегнале на земја, ја приковале и ја тепале, а потоа ја вратиле во затворот. Преку вечерта и се појавил Христос опкружен со ангели кој ѝ ги излечил раните.

Кога повторно се појавила пред владетелот, Параскева побарала да биде однесена во храмот на Аполо и тврдела дека статуата на идолот нема никаква вредност. Аполо одговорил дека тој воопшто не е бог. И тогаш некои свештеници ја навредувале маченичката, ја избркале надвор од храмот и барале викајки гласно кон Тарезиј да ја погуби. Тој и ја отсекол главата. Верниците го земале нејзиното тело. Тајно ја погребале, а гробот станал цел на поклоници каде што се случиле многу чуда.

Нејзиниот спомен се слави на 26 јули, односно 8 август според јулијанскиот календар.

Сан Карло да Сеце/Росана П.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот