Кога на некое момче му се допаѓа некоја девојка

Кога на некое момче му се допаѓа некоја девојка

Кога на едно момче му се допаѓа некоја девојка, тој не мисли само на телото. Тој сака да ја запознае, да ги открие нејзините квалитети и да ја заштити чистотата. И својата и нејзината…

На тогашниот дечко со насмевка тивко го прашав: „Што ти падна на памет кога прв пат ме виде? Застана, размислуваше и ме погледна во очите и без да трепне ми одговори (и очигледно без многу размислувања): „Сакам дел од неа.“

Сакаш дел од мене? Тоа реченица предизвика кавга, кавга која подигнува ѕидови помеѓу жените и мажите и која во тој случај направи добро. Но, реченицата исто така доведе и до спознание: кога на едно момче му се допаѓа некоја девојка тој не го прави она што би го направил тој млад човек (вклучувајќи, но не исклучливо, да ја сведе на објект). Затоа, што би требало да направи момчето кога му се допаѓа девојка? Ќе ви кажам:

1.Поставувајте прашања

Жената мора да знае кој сте, но жената исто така мора да знае дека и машкото сака да знае која е таа. Општо земено ние сме многу радосни кога некое добро момче сака да разговара со нас за својот живот, но машкото кое ги дава информациите, а не ги собира, наштетува на потенцијалната врска. Ако на момчето му се допаѓа девојка, задолжен е да ја праша за нејзините цели, нејзините вредности и колку сака стрипови пред да ги наброи сите наслови во својата колекција. Машкото кое не поставува прашање на жената испраќа знак дека не е заинтересиран за неа.

2.Користи зборови

Подеднакво е ослободувачко и аларматно да ја спознае оваа важна вистина: не смееме да не комуницираме. Човекот многу кажува кога не зборува и кога уверено се изјаснува. Но, постои голем јаз помеѓу некој кој не зборува и некој кој зборува. Момчето кој ги вкрстува рацете, гласно издишува и упорно ги превртува очите кога е фрустриран зборува во шифри. Момче кое ѝ кажува на девојката дека е фрустриран, тогаш тој е зрел маж. Жената неможе да ги чита нечиј мисли освен сопствените мисли, а маж кој не ѝ дава причина да мора да ги чита неговите мисли ја поштедува неа од стрес. Човечките суштества се наменети за постојано да комуницираат. Но кога на момчето му се допаѓа девојка, тој ги користи зборовите за да се изрази.

3.Побарај совет

Запознавањето е уште потешко кога еден од нив двајцата бара совет од некој кој не е способен да го даде. Кога на момче му се допаѓа девојка и му треба совет, тогаш во обѕир ги зема способностите на одредена личност и од таа личност ќе побара совет. Ако сака да знае што мислела девојката кога нешто рекла, тој не го испитува својот пријател, тој ја прашува неа. Ако тој не знае што да направи, тогаш тоа не го објавува јавно; туку ќе се советува со духовен советник. Ако му е тешко да живее во чистота, тој не брза кај своите слободни но сексуално активни пријатели; повеќе ќе се обрати кај пријателите кои се доследни во чистотата за да му бидат поддршка. Почитувањето на момчето кон девојката и нивната врска е очигледна кога тој бара совети на мудар начин.

4.Биди согласен

Делата зборуваат повеќе од зборовите, но тоа не значи дека онаа што ќе го кажеме е неважно. Кога на момчето му се допаѓа девојка, тој го извршува она што го вели дека ќе го направи и со тоа тој докажува дека е вреден за нејзината доверба. Ако тој вели дека ќе ѝ испрати порака или ќе ѝ се јави или ќе ја сними репризата на омилената серија, тој ѝ дава ветување. Но, маж кој дава ветување на жена, а подоцна не го исполнува тогаш и дава причина за да не му верува.

5.Зачувајте го сексот за бракот

Практичната верничка очекува од момчето пред да ја освои, да верува дека подготвеноста за брак е поважна од подготвеноста за брачните ноќи. Како католици, не сме повикани да имаме секс само затоа што тоа е задоволство. Ние сме повикани да создадеме пријатен сексуален однос со личноста со која сме соединети во бракот.

Бракот како повик, е замислен да резултира со уништување на себичноста. Да се откажеме од сексуалните односи додека сме во врска поврзани со оваа цел. Кога на момче му се допаѓа девојка, прави сѐ што може да се подготви на трпение, жртва и одрекување од сопствената желба кои ќе бидат потребни во бракот – а зачувување од односите е вежба за сите.

Жена Врсна/Тања Стојанова/кмк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот