Сестра Луција од Фатима: Последната битка меѓу Бог и Сатаната ќе се води преку…

Сестра Луција од Фатима: Последната битка меѓу Бог и Сатаната ќе се води преку…

Последната битка меѓу Бог и Сатаната ќе се води преку семејството и бракот – ова се зборовите на сестра Луција дос Сантос од Фатима. Сестра Луција го напиша ова во 1980 година во писмо до епископот во Болоња, кардинал Карло Кафара.

Италијанското списание „Voce di padre Pio“ објави интервју со кардиналот уште во 2008 година, каде тој се повикува на писмото на сестра Луција. Делови од тоа интервју денес стануваат поактуелни од кога било, токму поради нивната пророчка визија.

Иван Павле II. знаеше дека бракот помеѓу маж и жена е столб на општеството со генерации. Кога тој последен столб ќе се сруши, целата зграда ќе експлодира – го цитира кардинал Кафара поранешниот Папа во споменатото интервју. Папата Иван Павле II. затоа го основа Папскиот институт за брак и семејство во 1980 година и го назначи кардинал Кафара за ректор. Кардиналот ѝ напишал писмо на сестра Луција, која тогаш била монахиња во манастир, да се моли за оваа накана. Наскоро од неа доби повратно писмо од кое цитираме:

„Секој што се залага за светоста на бракот и семејството ќе биде прогонуван и дискриминиран затоа што тоа е клучното прашање на кое почива сè“.

Но, постои лек за одбрана на семејството од Сатаната – еден и единствен што Господ ни го остави. Сестра Луција го објави лекот кој гласи:

„Таа (Богородица) ми рече на мене и на моите роднини дека Господ одлучи да му ги даде на светот последните два лека против злото, а тоа е Светата Бројаница и посветеност на Безгрешното срце на Марија! Ова се последните два можни лека, што значи дека нема да има други!“

Тајната на Фатима сѐ повеќе се открива во светлината на овие зборови на сестра Луција, а кој има очи, нека гледа – затоа што на крајот ништо нема да остане скриено. Семејство кое моли останува заедно!

Меѓугорје инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот