Гробот на свети апостол Петар во Рим

Гробот на свети апостол Петар во Рим

Во раните времиња на христијанството, местото каде што бил погребан Свети Петар било познато како гробница на Свети Петар и Павле. Но, веќе во 4 век, кога завршил периодот на прогонство, Константин ги затрупува гробовите за да може над неа да се гради црква посветена на Апостолскиот првенец.

„Вистина, вистина ти велам: кога беше помлад, сам се опашуваше и одеше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те опаше и поведе на каде што нејќеш” (Иван 21,18). Со овие зборови Воскреснатиот Исус му ги претскажува на тврдоглавиот и едноставен галилјски рибар страдањата што го чекаат првиот Папа.

Quo vadis, Domine? Каде одиш, Господи?

Да се потсетиме на настанот од животот на веќе остарениот Петар, кој по 30 години бегајќи од Рим, по совет на Линус и други христијани, го сретнува Божествениот Учител на патот Виа Апија Антика?

„Quo vadis, Domine? „Каде одиш, Господи?“ – прашал Петар. А нашиот Господ му одговорил дека оди во Рим за да биде распнат на крст наместо апостолот. Покајан, ученикот веднаш се вратил во Рим каде што храбро го издржал мачеништвото. (Оваа средба е опишана во Делата на Петар, една од најстарите антички апокрифи напишани на грчки јазик во втората половина на 2 век. Свети Амвросиј, исто така, го споменува овој настан во 4 век во своето дело Sermo contra Auxentium de Basilicis Tradendis (ML 16, 1011).

Судење, смртната казна, мачеништво: овие настани се случиле многу брзо. На негово лично барање, Петар бил распнат на крст со свртена глава кон земјата затоа што не се сметаше себеси за достоен да умре како неговиот божествен Учител. Откако го симнале неговото тело од крстот, мала и исплашена поворка луѓе ги придружува смртните останки на Рибарот и набрзина го погребале. Егзекуцијата се случила во Циркусот на Нерон, кој се наоѓал во подножјето на ридот Ватикан, најверојатно на 13 октомври 64 година од н.е. Местото за погребување не било далеку од тоа место, бидејќи било обичај такви лица да се закопуваат што е можно поблиску до местото на погубување. Освен тоа, стравот од одмазда ги натерало да го закопаат во дискретна гробница за да не го привлечат вниманието на потенцијалните осквернители.

Константин гради базилика

Ридот Ватикан, кој не е дел од седумте римски ридови, во тоа време бил надвор од границите на градот. Долго после тоа, во 9 век, на градот му се придружи овој дел од другата страна на реката Тибар. Во тоа време таму се наоѓал само таканаречениот Циркус, чија што изградба започнала за време на царот Калигула и завршила за време на царот Нерон, по кого го добила и своето име. Покрај циркусот на Нерон, постоела и некропола затоа што во тоа време, според римскиот закон, гробиштата не можеле да се градат внатре во градот.

Во раните времиња на христијанството, местото каде што бил погребан Свети Петар било познато како гробница на Свети Петар и Павле. Но, веќе во 4 век, кога заврши периодот на прогонство, Константин ги затрупува гробовите за да може над неа да се гради црква посветена на Апостолскиот првенец. Тоа градба била импресивна, но многу помала од денешната базилика, чија изградба започнала во април 1506 година и била осветена еден век подоцна, на 18 октомври 1626 година, осветена од папата Урбан VIII. До тој момент, христијанството поминало низ многу нестабилности, па знаењето за точната локација на гробот се изгубило и останало само општо сеќавање за неговото постоење.

Во годината на осветувањето на новата базилика, работите за време на утврдувањето на Берниниевиот балдахин над главниот олтар доведува до откривање на античката некропола, но техничките градежни можности од тоа време не дозволувале ископувања под таков објект, заради можно загрозување на стабилноста. Затоа било потребно да се почека

Пронајдена е гробница, но празна

Техничкиот напредок на 20 век овозможува тим експерти предводени од монс. Лудвиг Каас да започне со ископувања. Работите продолжиле во текот на четириесеттите години, така што во Светата година – 1950 година, во своето божиќно обраќање, папата Пиј XII. официјално ги објави резултатите од истражувањето: откриено е едно место, изгледа дека е гробот на Свети Петар, но во него немало коски на апостолот.

Три години подоцна, коските конечно се пронајдени скриени во страничниот ѕид. Се појавиле и нови сознанија кои ги потврдија претходните истражувања со кои се потврдува дека навистина тоа е гробот на апостослкиот Првенец. Во тој момент, од особено значење биле работите на тимот предводен од криптографот Маргарита Гвардучи, која дешифрирала антички грчки натпис на местото на ископувањето: „Тука е Петар“.

Остатоците од пронајдените коски, вкупно осум, биле завиткани во вредно платно и злато. Низ прецизни истражувања, откриено е дека тие припаѓаат на еден постар човек на возраст од 60 до 70 години, кој поголемиот дел од животот го живеел во Галилеја, близу Иверијадското езеро.

Пронајдени и идентификувани моштите на свети Петар

Папата Павле VI на 26 јуни 1968 година, конечно му објави на христијанството дека моштите на свети Петар се идентификувани: „Пронајдени се светите остатоци на Апостослкиот Првенец, оној што е избран од Господ за темел на неговата Црква и на кој Господ му ги предаде клучевите на своето Царство со задача да го пасе и да го обедини своето стадо, откупеното човештвото, сè до неговото славно доаѓање“.

И, оние што можеа да се поклонат на моштите на Апостослиот Првенец, можеа да искусат дека од тие моштии веќе две илјади години оддекнуваат зборовите кои ги кажа Исус: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Матеј 16,18).

Антонио Јакош Илија ЕП/Араутос/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот