„Лајкот“ на Пресвета Богородица

„Лајкот“ на Пресвета Богородица

Науката покажа дека една од најголемите човечки потреби е потребата за потврда, пофалба, да те забележат.

Така уште од зачнувањето, важно е детето некој да го забележи. Кога ќе заклоца во утробата на мајката – некоја да го „погали“ по стомакот, или кога како новороденче ќе заплаче од страв и од големината на вселената во која дошло – дека постои едно меко крило, рака, прегратка, глас… – кој ќе му каже: „Не плаши се, те гледам, те забележувам, за тебе водам грижа!“ И низ периодите на растење и детство, кога детето се обраќа на родителите и нешто сака да им каже или покаже, важно е да ја добие родителската грижа и одговор! Секое тоа обраќање на детето му покажува дека е важно на родителот, дека го разбира сериозно, дека го забележува, дека детето му е важно. Тоа е онаа животно LIKE кое на сите нас ни треба за да растеме во самодовербата и сигурноста. Она LIKE кое ја задоволува она длабока потреба дека некој нè гледа, дека нè забележува и придружува!

Заради кризата на семејството, кризата на односите и дијалогот, во недостатокот на тие реални, животни LIKE- ови, не изненадува лудоста за виртуелните лајкови на социјалните мрежи. Можеме да кажеме дека денес сме општетсво на SELFI! Американското здружение на психијатри неодамна на состанокот на својот управен одбор службено го дефинира „селфито“, (…) како опсесивна желба за фотографирање на самиот себе и поставување на истите фотографии на социјалните мрежи заради недостаток на самодоверба и пополнување на празнините во интимниот живот.

Нашиот Бог, нашиот Создател најдобро нè познава. Добро знае како сме создадени и дека ни се потребни потврди и признанија за да бидеме исполнети и задоволни. Тој како добар Отец и самиот сака да даде и да искаже љубов. Во милион мали и големи чуда кои се случуваат во нашиот секојдневен живот и односите. Многу пати сака да ни каже дека нè сака, дека нè гледа, внимава на нас и дека сме му многу важни. За жал, тоа негово внимание не успеваме да го видиме ако не се наоѓаме на истата бранова должина со Него, ако внатрешните очи на духот ни се слепи – односно ако не молиме. (…)

Нашиот Бог и нашата Мајка нè познаваат. Во секој момент знаат каде сме, кои сме и што ни е потребно. Не ни требат лажни светски, виртуелни лајкови. Наместо типкање по мобилниот телефон, да се посветиме на молитвата, па во неа ќе откриеме дека Господ постојано ни дава лајкови бидејќи како и секоја вистинска мајка нè љуби такви какви што сме.

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Колумни

За авторот