Прва причест во Богаданци

Богднаци, 22.7.2013 /к.мк/ – Во недела 21 јули 2013 година во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ Богданци четири деца од парохијата за прв се причестија со светите Тајни Христови. На Првата причест претходеше повеќемесечна подготовка, која во текот на летниот период беше и секојдневна. Пред самата света Литургија децата преку светата Тајна Исповед се помирија со Господ Исус Христос. За време на Литургијата децата првопричесници со запалени свеќи во рацете го обновија својот Крштелен завет. Во својата проповед о. Тома Ангелов ја истакна важноста на Причеста во животот на секој христијанин, како и посебната благодат која се добива преку неа.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<