Скопје: Божиќна работилница за деца

Во сабота 13 декември 2014 година на празникот света Луција во салата на парохискиот Пасторален центар во Скопје е одржана Божиќна работилница за деца.На самиот почеток од средбата децата гледаа видео катехеза прилагодена на нивната возраст, со содржина која има за цел да ги воведе во таинството и убавината на Исусовото раѓање и доаѓање. Потоа децата под водство на четири сестри од движењето на Фоколарите – Дело Мариино изработуваа божиќни мотиви од гипс. Во пријатна семејна атмосефра до израз дојде радоста на чистото детско срце, а ја покажаа и својата креативност и уметнички талент во оваа работилница преку лиење на смесата во калапите и боењето.
На четвртата адвентска недела децата ќе учествуваат на парохискиот Божиќен базар, а после централната утринска Миса ќе понудат статуи од Младенецот Исус и ангели, кои ги изработија со своите раце.
к.мк/д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот