Распоред за чествувањето на „Марија од Назарет – 2018“ во Радово

Распоред за чествувањето на „Марија од Назарет – 2018“ во Радово

Оваа година Радово слави 20 години Марија од Назарет – Созаштитничка на Парохијата. Централна тема на Тродневницата – „Секое дете заслужува да биде ученик“.

Четврток 04.10.2018 во 18,00 часотБројаница – Света Литургија – Благослов со св. Причастие; Наговор Отец Атанас Сирачев, капелан во “Раѓање на св. Иван Kрстител” – Струмица. Тема: „Марија беше послушно дете“

Молитви на Верните, под водство на о. Трајче Ташев, капелан.

Петок 05.10.2018 во 18,00 часотСвета Литургија; Молебен до Пресвета Богородица; Наговор Отец Ристо Самарџиски, капелан во катедралата “Успение на Прес. Богородица” – Струмица. Тема: „Исус нѐ учи да ги љубиме сите, зашто се деца Божји“.

Молитви на Верните, под водство на о. Илија Стојанов, капелан.

Сабота 06.10.2018 во 8,30 часотСвета ЛитургијаВо 17,00 Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. Д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учествуво на верниците – возрасни и деца; Децата од почетните одделенија од основно училиште и предшколска возраст со своите родители носејќи во рацете икони и знамиња. По патот молење на Бројаница. Молебен на капелата Марија од Назарет. Посета на капелата Света Мајка Тереза. Благослов на крстот поставен во сред село.  Враќање во црквата. Кратка програма со учество на деца и млади од парохијата.

Недела 07.10.2018 10,00 часотСвета Бројаница; На крајот на Бројаницата Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Светата Архиерејска Литургија (веднаш по влегувањето во храмот) ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, струмичко-скопски епископ и скопски бискуп; Благослов за сите присутни и на индивидуалните и фамилијарни Бројанички.

Заедничко Агапе.

Со почит ве повикуваме и покануваме сите на славењето и светувањето на нашата Небесна Мајка, Марија од Назарет, во Радово: – Отец д-р Зоран И. Стојанов – парох и капеланите Отец Трајче Ташев и Отец Илија Стојанов, заедно со Сестрите Евхаристинки, Одборниците и Верниците од парохијата „Свети пророк Илија”.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот