Заедиштвото помага и пред стравот од зараза

Заедиштвото помага и пред стравот од зараза

Размислувањето на психотерапет Кјара Д’Урбано за молитвата на папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта за оние кои се премногу исплашени од коронавирусот и не успеаваат да реагират. Кој има повеќе внатрешна сила – вели – треба да ја стави во служба на оние кои за тоа не се во состојба.

Папата Фрањо во понеделникот на 30 март на почетокот на светата Литургија во домот Света Марта поттикна на молитва за сите кои не успеаваат да реагираат и кои се премногу исплашени од оваа пандемија, и се молеше Господ да им помогне да се подигнат – како што рече –  за доброто на целото општество. Осврнувајќи се во разговор за Радио Ватикан за лошиот живот кој може да ги опфати сите луѓе во овие денови на болест, тага, осаменост и за жал смрт, психолог и психотерапевт Кјара Д’Урбано пред сè истакна дека треба да се земе во предвид фактот дека нè погоди настан кој ја надминува редовната човечка способност за соочување со секојдневните тешкотии, а тој настан за луѓето може да биде повеќе или помалку силен односно тежок.

Големо влијание имаат надворешните фактори како на пример зачувување на работата односно дали човекот прима некои финансиски средства или не – рече Но, јасно е дека зависи и од внатрешната способност; станува збор токму за способностите со кои располагаме; некои во неволја успеваат да се активираат, а некои не. Во тоа може сигурно да ни помогне верата, но ако не се успее да се најде сила во верата, значи дека тој трауматски настан го надминал духовното богатство кое личноста го поседува.

Затоа веднаш би го отфрлила обвинувањето како: „Немаш доволно вера“, затоа што овде во игра се премногу фактори – напомена психологот. Важни се два аспекти. Пред сè треба да се стави во контекст и да се ограничи настанот кој има почеток и крај, иако личноста во тешкотија не ја сфаќа за таква затоа што не гледа крај на таа состојба. Затоа би било важно човекот да се запре и да препознае дека тоа е еден дел од животот кој ќе заврши; така клучната точка ќе биде кога на тој момент му даваме значање.

Вториот важен аспект е заедницата која нè опкружува. Многу е важно да не останеме сами, важно е околку себе да имаме други кои ќе нè охрабрат дека ова ќе заврши, и да не бидат препуштени на безнадежноста во овој момент. Осаменоста го отежнува чувството дека „нема никогаш да заврши.“ На пример – додаде, монашките заедници покажуваат голема собраност, но даваат и светлина. Можеме многу за тоа да прозбориме во социјалните медиуми, но во овој момент тие се големо богатство за сите нас.

Така заедниците се ставаат на располагање за разговор давајќи позитивни зборови, читање на Словото Божјо, Светото Писмо. Се активираат ресурсите кои помалку се сокриени, но кои во тешкотиите се ставаат на другите на располагање. Да почувствуваме поддршка знаејќи дека некој се моли за нас, ни дава голема утеха и надеж. Мора да се надеваме и да веруваме дека после сè ќе излеземе позитивно променети – истакна психотерапевтот Кјара Д’Урбано.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот