Патријархот Вартоломеј: Вистинскиот мир доаѓа од Царот на мирот

Во својата медитација на екуменската молитва на христијаните екуменскиот патријарх Вартоломеј истакна дека вистинкскиот мир доаѓа од Царот на мирот. Додаде дека централната порака на Црквата е целокупно спасение на човештвото преку Исус и конечна победа на злото.

Патријархот рече дека христијаните денес се повикани да дадат сведоштво на зедништвото и за да можеме да воскликнеме: „Дојди, Господи Исусе“ мораме да поминеме низ метанија, внатрешно обраќање, радикална промена и длабоко покајание и како христијани да бидеме способни да го претвориме во дело на она што Книгата на Откровението нè повикува: слушање – обраќање – пророчко сведочење.

Слушање, да бидеш во можност да го слушнеш Божјиот повик за човештвото и да го слушнеш плачот на нашиот ближен – порача Патријархот. Но за да слушаме, мора да научиме да ја чувствуваме тишината, тишината на молчењето која нè става во однос со Бога и со браќата, ослободувајќи нè од сите окови, измами и немири. Да слушаш не значи да бидеш далечен и одвоен слушател, туку учесник, близок со Бог и со ближниот. Тоа значи да го прифатиш ветувањето на Христос, да живееш во богочовечко единство со него, преку Неговото Тело и Неговата Крв.

Обраќање: на срцето и на умот да им се промени насоката, да се обраќаш само на „Оној кој е“. Метанијата, обраќањето како задолжителни премини преку кои се чистат сеќавањата за да се победи злото кое го напаѓа човештвото. Обраќање, за да се сведочи дека Исус Христос е полнота на откровението и дека во Него, Бог Отец кажа сè што сакал да каже на човештвото за неговото спасение.

На крај, пророчко сведочење: тука сме сите заедно за да го понудиме ова сведочење. А сведоштвото на христијаните е пророчко – ако е вистинско заедништво. Тогаш можеме да понудиме жива вода на жедните, неисцрпна вода, вода на мирот во светот без мир, вода на прорштвото и сите ќе го слушнат Исус кој ќе каже три пати: „да, ќе дојдам веднаш“. Никој нема ништо да додаде или да одземе, а Книгата на животот ќе биде отворена за сите. Нас ни останува да бидема пророчки сведоци на неговиот Мир, ја заврши својата медитација патријархот Вартоломеј.

 РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот