Одбележување на пет годишнината од објавувањето на енцикликата „Лаудато Си“

Одбележување на пет годишнината од објавувањето на енцикликата „Лаудато Си“

Папата Фрањо на 17 мај 2020 на молитвата Ангел Господов го најави почетокот на Седимицата на „Лаудато Си, во која ќе се одбележи пет годишнината од излегувањето на неговата енциклика за грижата за заедничкиот дом.

Во оваа време на пандемија, во која сме свесни за важноста за грижата за заедничкиот дом, се надевам дека заедничкото размислување и ангажираноста ќе помогне во создавањето и зацврстувањето на конструктивни ставови кон грижата за создаденото“, рече Светиот Отец. Во недела на 24 мај ќе се навршат точно пет години од објавувањето на енцикликата „Лаудато си“. Затоа ја прогласи за отворена „Седмицата на Лаудато Си“, во која ќе се одбележи таа годишнина.

Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој најави дека таа годишнина ќе се одбележи и Лаудато Си во посебна година, која ќе започне на 24 мај 2020 година. Од Дикастеријата порачуваат дека во оваа време на пандемија на коронавирус, енцикликата е пророчка како што била и во 2015 година.

Со цел одбележување на годишнината, Дикастеријата планира мноштво настани и прослави. Првата од нив е „Лаудато Си седмицата која ќе заврши на 24 мај. Истиот ден ќе започне Лаудато Си посебната година за годишнината. Нејзиниот почеток ќе се одбележи точно напладне со заедничка молитва во целиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот