Папскиот совет „Cor Unum“ додели 50 илјади долари помош за населението во Аргентина

Ватикан, 6.4.2013 /к.мк/ – Во име на папата Фрањо, Папскиот совет „Cor Unum” додели 50 илјади долари парична помош за најитните потреби на архиепископијата Ла Плата, која е најпогодена од поплавата која ја зафати Аргентина, при што загинаа повеќе од 60 лица, а без домови останаа повеќе илјади луѓе. Донацијата, доставена преку Апостолската нунцијатура во Аргентина, е една од бројните интервенции на локалната Црква и каритативните католички организации, кои веднаш се вклучија во акциите за помош и спасување.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<