Генерална аудиенција: Од кризата се излегува подобри слушајќи ги последните

Генерална аудиенција: Од кризата се излегува подобри слушајќи ги последните

Папата Фрањо на Генералната аудиенција истакна дека денес повеќе се слушаат мултинационалните или големите фармацевски компании отколку општестени движења и здравствените работници. Напротив треба да се почитува автономијата и способноста за иницијати на сите луѓе, посебно семејства, здруженијата, малите претпријатија.

Во процесите за оздравување на општеството сите се повикани да ги преземат на себе своите одговорности – тоа е патот кој папата Фрањо го истакна во катехезата на Генералната аудиенција во средата на 23 септември одржана во дворот Свети Дамас во Ватикан. Тој пат е потребен за да излеземе подобри од сегашната ситуација односно од здравствената криза која воедно е општествена, политичка и економска. За да учествуваат сите во грижата и обновата на народите секој треба да има соодветни средства.

Меѓутоа многу често не можат да учествуваат во обновата на заедничкото добро затоа што се маргинализирани, исклучени или занемарени – рече Папата и напомена, некои општествени групи не успеваат да го дадат својот придонес затоа што се економски или политички загушени. (…)

Враќајќи се со мислите во минатото потсети дека после големата економска депресија во 1929 година, папата Пио XI објасни колку за вистинска обнова е важно начелото на супсидијарност. Станува збор за општествено начело поттикнато од двоен динамизам – одозгора кон доле и од долу кон горе. Треба да се вклучат повеќе нивоа на општествени тела како што е државата, но и средно и ниско ниво. Пресуден е придонесот на поединецот, семејството, здружението, како и сите тела кои се измеѓу, но и Црквата.

Повеќе се слушаат големите финансиски компании отколку поединци или оние кои ја придвижуваат реалната економија. Повеќе се слушаат мултинационалните компании отколку општествените движења. Говорејќи со секојдневен дијалект, повеќе се слушаат моќниците отколку слабите, а то нае е патот, тоа не е човечки пат, не е патот на кој нè поучи Исус, тоа не остварување на начелото на супсидијарност. На тој начин не им дозволуваме на луѓето да имаат водечка улога во сопственото откупување – предупреди Светиот Отец.

Да мислиме исто така на лекувањето на заразата од вирусот – додава, повеќе се слушаат големите фармацевски компании отколку здравствените работници кои се на првата линија во болницата или во бегалските кампови. Тоа не е добар пат. Сите треба да се послушаат, оние кои се високо и оние кои се ниско.

Добриот пат е поинаков. За да излеземе од кризата подобри – рече Папата – треба да се оствари начелото на супсидијарност, почитувајќи ја автономијата и способноста за иницијатива на сите луѓе, а посебно на последните. (…)

Во текот на периодот lockdown (н.з. кога целиот свет се затвори) спонтано дошло до аплаудирање на лекарите, медицинските техничари и сестрите како знак на охрабрување и надеж. Многумина го ризикувале животот и многумина го дадоа. Да го прошириме тој аплауз на секој член на општественото тело, на сите, на секој за неговиот скапоцен придонес, без разлика колку бил мал – поттикна Папата и додаде дека треба да се послуша секој, да се даде на секому простор за работа, да се советуваме со секој.

Да им аплаудираме на „отфрлените“ на оние кои оваа култура ги смета за отфрлени, оваа култура на отфрлање односно – објасни, да им аплаудираме на старите лица, на децата, на луѓето со инвалидитет, да им ракоплескаме на работниците кои се ставаат во служба. Сите соработуваат за да излеземе од кризата. Но, да не запреме само на аплаузот! Надежта е смела, затоа да се охрабриме и да сонуваме на големо. (…) Да научиме да сонуваме на големо! Да не се плашиме да сонуваме на големо, барајќи ги идеалите на праведноста и општествената љубов кои се раѓаат од надежта. (…)

После катехезата Светиот Отец потсети дека Црквата дека си спомнува на светиот Пио од Пиетрелчина. Нека сведоштвото на верата и љубовта кои го вдахнувале бидат за скеој повик секогаш да се доверуваме на Божјата добрина, пристапувајќи со доверба на светата Тајна Помирување, на која тој светец неуморен делител на божественото милосрдие, бил истраен и верен службеник – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот