Кардинал Пуљиќ служеше света Литругија во Куманово

Кардинал Пуљиќ служеше света Литругија во Куманово

Во среда на 4 мај 2022 година во Куманово, Неговата еминенција кардинал Винко Пуљиќ служеше света Миса на покана на дон Томаш Бак, парох во Куманово и духовен водител на Missio ad gentes.

На светата Миса присуствуваа верници од Куманово и членовите на Missio ad gentes заедно со нивните семејства.

Неговата еминенција кардинал Винко Пуљиќ се заблагодари на поканата за посета на верниците во Куманово која со задоволство ја прифатил. Во своето обраќање ја истакна радоста што може да види многу живот меѓу присутните верници и им посочи на присутните верници дека при секое искушение Исус Христос е присутен и никогаш не се сами.

По завршувањето на светата Мика дон Томаш Бак во името на Missio ad gentes подари скромен дар на Неговата еминенција кардинал Винко Пуљиќ.

На крајот следуваше агапе подготвено од верниците и разговор меѓу присутните свештеници и верници.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот