Објавена е програмата за посетата на Папата на Ирак

Објавена е програмата за посетата на Папата на Ирак

На 8 февруари 2021 година, Канцеларијата за печат при Светиот Престол ја објави програмата за посетата на папата Фрањо на Ирак од 5 до 8 март, под мотото „Сите сме браќа.

Првата посета на папата на Ирак вклучува две свети Литургии, средби со христијани и високи претставници на исламот, меѓуверска средби и молитва за жртвите од војната. Покрај Багдад, Папата ќе ги посети Наџаф, Ур, Ербил, Мосул и Каракош и ќе одржи вкупно четири говори.

Папата ќе полета за Ирак од Рим во петок наутро, на 5 март. На аеродромот во Багдад ќе се одржи церемонија за пречек и средба со премиерот Мустафа Ал-Кадими. Папата потоа ќе биде примен од претседателот Бархам Салих во Претседателската палата во Багдад, а потоа ќе се сретне со претставници на граѓанското општество и Дипломатскиот кор и ќе одржи говор. Првиот ден од неговиот престој во Ирак ќе заврши со средба со бискупи, свештеници, монаси и богослови во багдадската сирокатоличка катедрала.

Во сабота, на 6 март, во Наџаф на југот на земјата, свето место на шиитскиот ислам, Папата ќе се сретне со големиот ајатолах Али Ал-Систани, највисокиот шиитски авторитет во денешен Ирак. Следува меѓурелигиска средба во Ур, на која Папата ќе одржи говор. По враќањето во Багдад, ќе ја предводи Светата Литургија во халдејската катедрала Свети Јосиф, една од 11-те катедрали во Ирак.

Во недела на 7 март, Папата ќе ги посети ирачки Курдистан и долината Ниневија. Тој на аеродромот во Ербил ќе биде пречекан од верски и цивилни претставници на регионот, а потоа со хеликоптер ќе се упати во Мосул, каде што ќе се моли за жртвите од војната на Плоштадот Црква, Хош ал-Биеа. Следува посета на Каракош, каде ќе ја моли молитвата Ангел Господов во црквата Безгрешно зачнување и ќе им се обрати на присутните. Во попладневните часови, Папата ќе ја предводи светата Литургија на стадионот „Франсо Харири“ во Ербил, по што ќе се врати во Багдад во вечерните часови, а во понеделник наутро се враќа за Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Објавени мотото и логото за посетата на Папата во Ирак

Во Ирак Папата ќе служи на халдејски обред

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот