Папата: Во свет каде растат воените тензии, новите светци вдахнуваат патишта на дијалог

Папата: Во свет каде растат воените тензии, новите светци вдахнуваат патишта на дијалог

На крајот од светата Литургија за канонизација, папата Фрањо ги повика оние кои имаат, како што рече, големи одговорности: да бидат протагонисти на мирот, а не на војната. Тој ги поздрави делегациите од различни земји, монашки заедници на кои им припаѓаа новите светци, како и властите, вклучително и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Папата Фрањо, осврнувајќи се на актуелните драми, рече дека за жал се зголемуваат разликите во светот и растат тензиите и војните, новите светци вдахнуваат заеднички решенија, патишта на дијалог, особено во срцата и умовите на оние кои се на многу одговорни позицииѐ, бидете протагонисти на мирот, а не на војната.

Апелот го упати пред околу 50.000 верници од Италија и од целиот свет, од Уругвај до Алжир. Папата им се заблагодари и на присутните – бројни кардинали, бискупи, свештеници и монаси и монахињи, непосредно пред молитвата Царице небесна пред статуата на Пресвета Богородица, поставена на бината под таписериите на кои се претставени новите светци. Тој ги поздрави и монашките заедници на кои им припаѓаат новите светци.

Поздрав упати и до официјалните делегации од различни земји, посебно до италијанскиот претседател Матарела.

Зборувајќи за шесте мажи и четири жени кои беа подигнати во чест на олтарот, Папата рече дека е убаво да се забележи дека овие светците со своето евангелско сведоштво го поттикнале духовниот и општествен раст на нивните народи и на целокупното човечко семејство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот